Охриѓани и стружани сакаат да се поврзат со бродска линија
Охриѓани и стружани сакаат да се поврзат со бродска линија.
Локалната самоуправа од Струга подготвила документација за изградба на пристанишtе. Идејата да се воведе бродска линија Охрид – Струга не е нова ни неостварлива. Капетан Горан Устијаноски од охридската капетанија на пристаништа информира дека е изготвен акционен план за изградба на пристаниште во Струга како задолжение од Владата. Од министерството за транспорт и врски посочуваат дека сега на потег е локалната самоуправа во Струга. Но, градоначалникот Зијадин Села, вели Струга има неколку локации каде што може да доаѓаат и поаѓаат пловни објекти. Потврдува дека имаат изработено документација, но негова заложба е Струга да добие генерален урбанзитички план кој во моментов недостасува, кажува градоначалникот Зијадин Села.
„ Ние имаме подготвена документација, со Детален урбанистички план локацијата за пристаништето ја определивме кај хотел Дрим. Тука се блиску и градските плажи и центарот на градот, за граѓните и туристите поленсо да пристигаат и поаѓаат. Ние имаме иницијатива , но јавноста треба да знае дека последниот збор за сите планови го имаат Министерствата, “ напоменува Села.
Се повеќе туристичките работници и граѓаните бараат да се воспостави воден сообраќај меѓу двата града. Стружанецот Абас Цаноски памети кога во средината на 50 -ите и почетокот на 60 -тите години единствен превоз помеѓу Охрид и Струга бил бродскиот превоз. Цаноски раскажува дека пристаништето било кај истекот на реката Дрим. Посакува да се обнови бродското поврзување помеѓу крај двата езерски градови.
„Бродот е и патување и туристичка атракција за Струга и Охрид. Тоа е културна и туристичка атракција. Би требало да има денски линија барем два пати во денот. Луѓе ќе има иако има такси и е подалеку, преку езерото е поубаво патувањето“, вели Цаноски.
На струшкото крајбрежје, во моментов, постојат и уште неколку други пристаништа, но надвор од центарот на градот, кај автокампот Ас, Калишта и Радожда.
{loadposition content9}