Skip to main content

Здравство

За операција на катаракта пациентите од Југозападниот регион чекаат и по една година

Повозрасните пациенти кои се соочуваат со овој здравствен проблем чекаат и повеќе од една година за да добијат термин во битолската болница.
 |  инфодеск  | 
Офталмологија

Во општините во Југозападен регион во земјава се уште не се изведува операција на катаракта. Повозрасните пациенти кои се соочуваат со овој здравствен проблем чекаат и повеќе од една година за да добијат термин во битолската болница.

Оние кои имаат финансиски средства се оперираат во приватните клиники, но оние кои немаат чекајќи термин се случува трајно да го изгубат видот.

-„Не закажав, ниту можи да се закажи. Слушнав дека во Штип има за 800 евра и дигнав раце гледам помалку и тоа е. Има ли секој пензионер да си доволи пари? Јас немам “, вели еден граѓанин на кој му е потребна операција на перде на око.

-„Треба да имаме лекари за старите како нас треба да има лекари. Немаме пари, од каде да ги најдеме пензијата ми е мала”, велат граѓаните.

-„Чекав за Скопје и кога ми закажа докторката на пола пат ми откажа а веќе замав завзеде болеста го изгубив окото”, раскажува една пациентка.

-„Мајка ми 1000 евра плати во Турција”, велат граѓаните.

-„Јас сум оперирана од перде во Скопје во државна болница. Чекавме после една докторка рече да и дадам 100 евра за побргу”, велат пензионери.

Катарактата најчесто е здравствен проблем, кој ја погодува повозрасната популација, пензионерите се револтирани велат цел живот плаќале здравствео осигурување, а кога им требаат услуги не може да ги добијат во јавното здравство.

-Треба да има лекари, без лекари што да правиме ние повозрасните, велат граѓаните.

-Потребни се секако, за постарите и за помладите без лекари ништо,велат граѓаните.

-Не е тоа страшен трошок за државата, еднаш се прави не се прави секоја година како други болести”, велат граѓаните.

Термин лесно се добива во приватните клиники во Скопје но овој оперативен зафат чини од 700 до над илјада евра.

Од струшката болница, велат никогаш не се изведувал тој оперативен зафат, бидејќи немаат ниту одделение, имаат двајца офталмолози, кои работат само амбулантски. Офталмолошко хируршко одделение нема ниту во охридската болница, каде исто има смао двајца очни лекари.

Новинар Соња Рилковска