Општина Струга, буџетски потфрла
Каде се трошат буџетските средства на општина Струга?
Слаба реализација на буџетот на општина Струга. Согласно кварталниот извештај за извршување на буџетот, истиот досега е реализиран 26 %. Тоа според советниците на СДСМ, значи слаба заангажираност како на општинската администрација, така и на нив. Илија Мацески, советникот на струшките социјалдемократи, рече дека неможе да бидеме задоволни од она што го гледаме не само во градов туку вопшто во цела општина.
Тој додаде дека имаме само бројка на вложени средства но без информација каде се тие потрошени.
Свои коментари за кварталниот извештај имаше и советничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Момчило Аврамоски од оваа политичка опција, рече дека програмата за 2011 година и покрај тоа што предвреме била пофалена истата во многу сегменти потфрлила. Тука тој се осврна на буџетските средства наменети за туризмот.
Кон забелешките се приклучи и Сретен Бандоски од ЛДП. Според него, извршувањето на буџетот споредбено со минатата година во овој период, е многу послабо со оглед на тоа што лани буџетот бил многу пообемен.
Никола Затуроски од ВМРО – ДПМНЕ, посочи три капитални работи на кои градоначалникот треба да посвети посебно внимание. Затуроски рече додека не се мери со ист аршин кон сите резултатите во секоја сфера на остварување, буџетските средства ќе потфрлаат.
Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, се обиде да ја смири тензијата и да одговори на примедбите и забелешките на советниците во струшкиот совет. Според него, голем дел од нереализираните работи предвидени за овој квартал, останале недовршени поради изборите.
Како и вообичаено на 29 тата седница не изостанаа многу забелешки на советниците во повеќе сфери, а за кои јавноста редовно реагира и потсетува. Но голем број од нив се однесуваа и на комуналната сфера, поточно на хаосот со комуналникот смет.