Општина Струга има потреба од изградба на нова градинка
Општина Струга има потреба од изградба на нова градинка.
Во Струга околу 140 деца се на листа на чекање за упис во еден од двата постоечки објекти на граддинакта 8 -ми Март. Во момтов се згрижени 480 деца , а потребата од изградба на нов онбјект е повеќе од потребна. Слух за изградба на нова градинка има и од Локалната самоуправа и од владата, напоменува директорот Сашо Клечкароски.
„ Цело време работиме на овој случај. Во контакт сме со локалната самоуправа и со министерството сите колку можат помагаат. Од друга страна финансискиот долг кој го наследивме со тимот го анулиравме и не должиме никому. Работиме чесно и домаќински, имаме наши средства и со средства од проекти и од општината ќе работиме да доградиме уште една – две простории доколу нема услови за нова градинка, а ако има нова градба проблемот ќе се реши“, тврди директорот Клечкароски.
Иницијативниот одбор на родителскиот совет од објектот Сонце поднел до менаџментот неколку барања. Меѓу барањата, покрај изградбата на нова зграда, се и почитување на законскиот норматив на бројот на деца и подбрување на условите за престој. Клечкароски дециден дека постојано работат на подобрување на постоечките сместувачки капацитети, како и во подобрување на нутритивните вредности на храната и не се согласува со ова барање од иницијтивниот одбор, исто така и во однос на законскиот норматив на групите.
„ Моментално состојбата во Сонце и Пеперутка во групите кои ги имаме со нормативот со законската определба на ресорното министерство се движиме во границите на присутни -отсутни , но од 1 септември ќе биде малку зголемени. Имаме на листа на чекање околу 140 нови деца. Ние сме згрижувачка установа и не смееме да враќаме никого, а со овие потези кои ги планираме ќе го анулираме овој проблем “, напоменува Клечкароски.
Клечкароски кажува дека во моментов работат на проширување на објектот Сонце со две простории, на менување на азбестниот кров и замена на 36 прозорци и 19 врати со средства добиени од Југозапдниот плански регион. Најавува дека ќе има проширување и во објектот Пеперутка. Со издвоени сопствени средства пак ќе се интервенира во хортикултурно уредување на дворот на градинката.
Во моментов во објектот Сонце се сместени 300 , а во објектот Пеперутка околу 180 стружанчиња.