Skip to main content

Општина Струга ќе воведува ред во урбаниот хаос

Општина Струга ќе воведува ред во урбаниот хаос.

 |  Валентина Неловска  | 
бутка
бутка

Средување на урбаниот хаос во општина Струга е ставот на струшкото раководство и мнозинството советници. Со одстранувањето на урбаните објекти се засегнати сосптвениците на  околу 150-тина објекти. Голем дел од нив се загрижени и раскажуваат дека објектите им се единствен извор на  егзистенција. Една од нив е Мирјана Мирческа која има киоск и е без работа како и нејзината ќерка, а сопругот  прима мала инвалидска пензија.     

„ Од киоскот живееме и нема од што друго. Немаме лекови да си купиме. Ме избркаа од работа, седам без пари и од кисокот барем малку да  опстојуваме. Велат не работи ама секогаш се во секое време и во државата не работи, малку по малку некогаш  ќе работиш некогаш не, нема пари за бизнис и не можеш да промениш“. бутки

Струшките советници во зависност од политичката ориентација имаат  спротиставени ставови за одлуката да се  одстрани нелегално поставената урбана опрема и да се донесе програма со која ќе се знаат условите за поставување, каде и што ќе се продава. Советниците од СДСМ, РДК, ДУИ, ВМРО НП и Пеи се на мислење ќе им се земе лебот на категотијата граѓани кои егзистираат од овие објекти. Ставаат забелешка и на тоа што прво нема програма и графички приказ каде ќе се поставуваат овие објекти.

„ Немаме увид  и констатиравме  дека нема да го поддржиме решението и точката на дневен ред. Констатиравме дека станува збор за дил меѓу ДПА и ДПМНЕ за потоа овие објекти да ги добиваат нивни членови. Како на времето со плажите кога тогашниот кандидат за градоначалник од Вмро  Дпмне кога објави дека плажите ќе се даваат по клуч по партиска и етничка основа.“
 
Советнците пак од ДПА и од Вмро Дпмне се со став да се стави ред во хаосот со поставената  урбана опрема. Сметаат дека дел од сопствениците на објектите  заработуваат високи кирии од незаконски поставени објекти. Советникот Перо Петкоски од Вмро Дпмне вели дека предвид ќе бидат земени вистински загрозените семејства.
села
„Како советничка група на Вмро ќе ја поддржиме точката со цел нашиот град да го добие достојниот лик на туристички центар. Би се унифицирале објектите и би се поставиле на одредено место. Досега на секој чекор  секој поствувал објкети каде што сакал, плаќал или неплаќал на општината.“

Градоначалникот Зијадин Села  е категоричен во намерата да се справи со овој проблем како што го нарекуваат хаос со урбаната опрема. Струга како туристички град мора да има унифицирани објекти кои ќе бидат легално поставени и според сите законски стандарди.

„ Имаме сендвичари каде што се продава храна. Какви Хасап стандарди се прашувам се тука исполнети. Во државата нема само локална власт туку има и други институции, инспекции, пазарна, дирекција за храна како добивале дозвола за работа, а од друга страна овие објекти и урбана опрема бесправно користела струја од граѓаните на Струга. Со ваквата одлука ќе се решат многу проблеми.“

Градоначалникот Села вели дека ќе стави крај на праксата која во изминативе 20 години некој ja дозволил да се реализираат безправни приходи преку нелегален бизнис. Села нагласува дека во иднина ќе одредат и соодветни места каде што занаетчиите ќе имаат право да земаат објекти и да работат.  

{loadposition content9}