Skip to main content

Општина Струга и ЦУК со заеднички план за засилена подготвеност за пожари, поплави и кризни ситуации

Општина Струга и ЦУК со заеднички план за побрз одговор при кризи
 |  инфодеск  | 

Општина Струга оствари работна средба со директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, при што заедно со градоначалникот, Менди Ќура, разговараа за унапредување на институционалната соработка и зајакнување на заедничките капацитети за управување со ризици.

Во фокусот на средбата беше подготовката во пресрет на сезона на пожари, со посебен акцент на координацијата на терен, ефикасното користење на ресурсите и обезбедување навремен и ефективен одговор при евентуални кризни ситуации.

-Посебно внимание беше посветено и на информирањето на туристите за системот за итни повици 112, како и за начинот на постапување во случаи на опасност, со цел зголемување на нивната безбедност и навремена реакција. На предлог на командирот на Штабот за заштита и спасување на Општина Струга, Амир Шеји, беше одлучено месните заедници да ангажираат лица со лиценца за заштита и спасување, кои активно ќе бидат вклучени во превенција и интервенција во итни ситуации, како пожари, поплави и други слични настани, се вели во соопштението од Општина Струга.