Skip to main content

општина струга

Општина Струга со покана до туристичкиот сектор за заедничко учество на EMITT Istanbul 2026

Општина Струга: Да ги претставиме заедно убавините на Струга на една од најголемите сцени на светскиот туризам – EMITT Istanbul 2026!
 |  инфодеск  | 

Општина Струга ќе учествува на Меѓународниот саем за туризам – EMITT Istanbul 2026, кој ќе се одржи од 5 до 7 февруари 2026 година.

Овој саем претставува исклучителна можност за промоција на туристичкиот потенцијал на Струга на меѓународниот пазар, нудејќи простор за нови соработки и проширување на професионалните контакти.

– Ги покануваме сите хотелиери, туристички оператори и работници од туристичкиот сектор во Струга да бидат дел од штандот на oпштината, во рамки на Министерството за култура и туризам, било со директно присуство, било со промотивни материјали, велат од Општина Струга.

Во нивното соопштение потенцираат дека учeството на EMITT Istanbul 2026 е посебна можност за директна промоција на услугите и капацитети пред меѓународна публика, и ќе придонесе за зголемување на видливоста на Струга како уникатна туристичка дестинација, позиционирајќи ја на мапата на меѓународниот туризам.

Рокот за доставување на промотивни материјали е до 30 јануари 2026 година во канцелариите на Општина Струга – Одделение за туризам, а за повеќе информации и координација заинтересираните можат да добијат во Одделението за туризам при Општина Струга и на емаил адресата info@struga.gov.mk .

-Да ги претставиме заедно убавините на Струга на една од најголемите сцени на светскиот туризам – EMITT Istanbul 2026!, потенцираат од Општина Струга.