Општина Струга: Сите кои поставиле урбана опрема без одобрение да платат за користење на јавниот простор
Од Општина Струга ги известуваат сите физички и правни лица што поставиле урбана опрема без Oдобрение или Pешение издадено од Општината, да ги измират обврските према надлежниот орган за користење на јавниот простор. Ова известување е направено врз основа на Програмата за поставување на урбанта опрема на територијата на Општина Струга со бр. 08-5371/11 од 29.12.2023, посочуваат од општината.
Додаваат дека на сите лица што нема да постапат во согласност со ова Известување, ќе им биде изречена парична Глоба врз основа на член 161-a и 161-б од Законот за градење, и тоа:
– Глоба во износ од 5.000 до 7.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице
– Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице.
– Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице.
-Доколку не одоговорите позитивно на ова известување ќе бидеме принудени да ви ја отстраниме (подигнеме) урбаната опрема, а трошоците за остранување на урбаната опрема ке бидат на товар на работата едица и правното лице и физичкото лице, напоменуваат од општината.