општина струга
Општина Струга го одбележа Светскиот ден на свесноста за аутизмот
Заедно за аутизмот – Струга 2026
Општина Струга денес го организираше инклузивниот настан „Сина Фреквенција“, во соработка со Bright Steps, Europe House Струга, ООУ „Браќа Миладиновци” и ОРТУС, во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на свесноста за аутизмот.


Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, нагласи дека, според податоците со кои располага општината, во сите основни училишта на територијата на општината има над 500 деца со одреден вид потешкотии во интелектуалниот развој.
Тој потенцираше дека Општина Струга е целосно посветена на работа со оваа ранлива категорија деца, со јасна цел тие да бидат видливи во општеството, да добијат соодветна поддршка и да се создадат подобри услови и за децата и за нивните родители.



