Општина Струга воведува интегрирано образование
Струга воведува интегрирано образование. Преку проектот „Градиме нови мостови” во градинките, основните и средните училишта во струшко започнаа со работа мешани мултиетнички паралелки.
Целта е создавање на воспитно образовна клима која ги негува интеркултурните и интеграциските процеси за надминување на културните разлики. Преку заеднички наставни и вон наставни активности се постигнува меѓусебно зближување.
Мешани групи ученици, под ист покрив заеднички следат настава.
„Во нашето училиште почнаа да се реализираат тие мултиетнички паралелки, односно заеднички часови. Заедничките часови во моментов почнавме да ги реализираме со околу 30% од наставната содржина., како нешто ново во нашето училиште. Имаме доста добар резултат”, вели Кети Јанкоска директор на средното стручно училиште „Нико Нестор”
Меѓуетничките тепачки, кои пред десетина години беа секојдневние во струшките училишта, денес се минато,професорите велат преовладува меѓуетничка толеранција.
„Децата покрај тоа што го учат јазикот, тие почнуваат и да се дружат. Доказ за тоа е се поголемиот соживот меѓу учениците Македонци и Албанци во нашето училиште. Така што тие мултиетнички тепачки, кои што ги иамвме во минатото и беа многу популарни сега се минато во Нико Нестор”, вели Јанкоска.
Досегашните искуства покажаа дека програмите за меѓуетничка интеграција во образованието им помагаат на учениците да станат поемпатични и толерантни. Овој проект се реализира со поддршка на министерството за образование и ОБСЕ.
Новинар Соња Рилковска