Skip to main content

Организирање на конгреси, и воведување на новитети за гостите со цел продолжување на туристичката сезона

Ова се само дел од алатките кои хотелот Дрим од Струга ги применува во насока на проширување не само на бројот на гостите, туку и земјите од кои тие доаѓаат. Една од нивните иновативни идеи, струшките кепенци, сеуште функционира и им нуди на туристите автентично искуство.

 |  Мишел Наумоски  | 
h.Drim
х.Дрим

Април, мај, јуни, септември и октомври традиционални месеци за организирање на конгреси и семинари. Конгресниот туризам според хотелиерите, нуди одлична можност за продолжување на летната туристичка сезона. Менаџерот на хотелот „Дрим“ од Струга, Ана Јанчева-Дудановска, вели дека се задоволни од резултатите кои се остваруваат преку организирањето на големи конгреси и семинари, но додава дека најголем бенефит од конгресниот туризам би се почувствувал доколку истиот би се практикувал во текот на зимските месеци кога според неа ретко и да има било каков туризам на охридско-струшкото крајбрежје.

drim noviteti„Поради нашиот капацитет, имаме можност да собереме големи конгреси, не само од Македонија, туку и од регионот, и секако дека се исплати. Со тие гости, првенствено ги имаме овде, на цел пансион, имаме и екстра услуги, нормално организираме и екскурзии, така што навистина се исплати, е сега доколку ние би биле во можност да ја продолжиме сезоната, да тие настани доаѓаат ноември, декември и во текот на зимските месеци, би било секако уште подобро.“-вели Ана Јанчева-Дудановска-менаџер на х.Дрим-Струга.

Покрај практикувањето на конгресниот туризам, Јанчева-Дудановска смета дека за еден хотел да функционира и да може да се надева на некакво продолжување на туристичката сезона, мора постојано да вложува и да нуди новитети на своите гости.

struski kepenci„Секој пат има нешто ново. Традиционално пробуваме новините кои што сме ги вметнале една година, да ги пласираме и другата година, и да ја збогатиме програмава со уште поголеми понуди. Од летово веќе ја имаме комплетно реновирано терасата на х.Дрим, таа порано беше една позната тераса, каде што се организираа свирки секоја вечер и беше преполно, доаѓаа и луѓе од Охрид на таа тераса. Сега е комплетно реновирана и сега планираме да направиме уште еднаш место за уживање, можеби во еден сосема нов концепт, но прилика ете сите да ја видат самите.“-рече таа.

Дудановска додава дека во рамките на хотелот, туристите и натаму може да уживаат во струшките кепенци, идејата која станува се поатрактивна за странските туристи. Инаку во струшки кепенци туристите можат да видат припремање на ѓомлезе под сач на традиционален начин од страна на персоналот на хотелот, кој ѓомлезето го прави на лице место што е своевидна атракција за гостите.

{loadposition content9}