Остатоци на верски објект излегоа на виделина
При обид да бидат поставени два билборди во центарот на Струга наспроти женска плажа, откриени остатоци на црква. Настанот се случил вчера попладне, по што веднаш биле прекинати градежните зафати.
ископани остатоци од црква
При обид да бидат поставени два билборди во центарот на Струга наспроти женска плажа, откриени остатоци на црква. Настанот се случил вчера попладне, по што веднаш биле прекинати градежните зафати.
Доктор Јосиф Белески кој живее во непосредна близина на местото прв забележал дека во ископаните дупки за билборди има нешто необично. Веднаш им предочил на работниците да престанат да работат. Први на лице место пристигнале екипи од Заводот за заштита на спомениците на културата од Струга и Охрид. Стучните тимови по одкопувањето на дупката пристапија кон нејзино чистење при што беа откриени темелите на верскиот објект.
„За ова место сега се води спор помеќу црквата и жителка на Струга која живее во Белград.Таа има документ со кој го оспорува враќањето на ова место на црквата и кое е големо 2000 м2. Сето ова е црковно место за што имаме скица и материјални докази“, вели Јосиф Белевски, жител на Струга.
„Тука се наоѓала црквата Света Богородица, а во непосредна близина и црквата Света Варвара. Има преданија дека меѓу нив постоел машкиот манастир на црквата Света Богородица од Калишта. Ова место се вика и Свети Климентово блато. Се верува дека тука прво Свети Климент го изградил својот факултет, но објектот се срушил од поплава и потоа се преселил во Охрид“, вели стружанецот Јордан Попаѓиноски.
Директорот на Научната установа “д-р. Никола Незлобински“ Струга, д-р. Сашо Цветкоски вели дека многу одамна постоеле податоци дека на ова место има сакрален објект, но дека до овој момент не ја знаеле точната позиција на истиот. Тој додава дека ископините на овој простор ќе продолжат деновиве поточно штом за тоа зелено светло ќе дадат од Управата за заштита на културното наследство и од Завод и музеј Охрид.
„За ова имаме зачувани записи од очевидци кои кон крајот на 19 век имаат овде работено. Не е исклучено дека можеби се работи за црквата Свети Никола Дримени, затоа што во тоа време се затворало првобитното корито на Дрим. Црквата Свети Никола Дримени според кажувањата на старите се наоѓала на езеро, па и оваа локација може да упатува за тоа“, вели директорот на НУ „д-р. Никола Незлобински“, Струга, д-р. Сашо Цветкоски.
Дознаваме дека извесна Радија Садикоска ова место го добила на тендер кој пред неколку години го распишало Министерството за транспорт и врски, кога на чело на истото бил тогашниот министер Џемаил Мехази. Струшкиот Основен суд по жалбата на неколкумина граѓани ја поништи одлуката со која просторот тогаш беше издаден на сто години за само 1 евро по метар квадратен.
Во моментов за оваа локација има барање за денационализација од страна на жителка на Струга која живее во Белград.
За ова атрактивно место апетитите беа големи и од страна на локаланата власт која минатата година се обиде да издаде одобрение за градба. Но откако се соочија со жив ѕид на старите стружани кои тврдеа дека ова место е свето и на истото поставија мал објект со икона на Св. Богородица – се откажаа. Очигледно во случајов се потврдија тврдењата на стружани.
{loadposition content9}