Отчет на Села за првите 100 дена
Градоначалникот Зијадин Села, денес даде отчет за сработеното во првите 100 дена од мандатот. Хаосот, окупираноста на јавниот простор, злоупотребувањето на власта, ќе останат само пример за лошото владеење со Струга во минатото, истакна Села.
Промена на режимот на сообраќај, отстранување на паркинзите кои беа на самите сообраќајници, ослободување на шеталиштето од металните конструкции, осветлување на дрвениот мост на реката Црн Дрим со многубоен систем, редовно миење на градските улици, уредување и ставање на функција на фонтаната на градскиот плоштад, се само дел од реализираните активности на градоначалникот Зијадин Села, кој успеал да ги спроведе за 30 дена а не за 100 дена како што ветил во предизборната кампања. Но Села на денешната прес конференција по повод 100 дена од неговото делување посебен акцент стави на извештајот за финансии и обелодени фрапантни податоци, 10 пати повеќе бил собран данок од администрацијата сега, а 10 пати помалку трошоци направил градоначалникот .
„Ние за овој период од имотен данок од 1 до 4 месец се собрани 7 212 000 денари а од 5 до 7 периодот кога јас сум градоначалник се собрани 12 184 000 денари. Од друга страна тоа што е важно за граѓаните да знаат е трошоци за репрензентации од 1 до 4 месец се потрошени 1 181 000 денари а од 5-7 месец потрошени се 115 000 денари
Села се осврна и на хаосот кој го затекнал во јавната администрација. Неговиот впечаток е дека изминатите 8 години Локалната во Струга функционирала за еден човек и група луѓе околу него.
„Без одговорност, без шефови на сектори, администрација која што никогаш немаше одржано колегиум, веќе администрацијата почна да одржува комегиум, почнува да се знае каде е одговорноста, и администрација во која е наведено во систематизацијата за да бидеш шеф на сектор треба да бидеш магистер. Општината ниту е академија на науките ниту е универзитет а тоа зошто било во систематизацијата да имат магистер вие знаете кој има приватен универзитет и знаете веќе зошто 8 години не се назначени шефови на сектори бидејќи некој требаше да оди таму и да заврши магиетериум“.
Села најави дека и во иднина ќе работи на заштита на интересите на граѓаните кои досега биле на маргините, вети промена на коцките на кејот на реката Црн Дрим како и негово целосно осветлување до наредната сезона, изградба на кружен тек на влезот на Струга на раскрсницата каде што се сечи магистралниот пат Ќафасан – Охрид со регионалниот пат Струга -Дебар, која претставува магнет за сообраќајни незгоди. Исто така градоначалникот најави смена на сите директори во струшкото образование и покрај нивниот отпор кои го даваат.
{loadposition content9}