Откриени сторители на тешки кражби во Струга
Прекинат ланецот на 11 последователни тешки кражби во струшкиот регион. Направена штета од 1.256.000 денари.
накит

Во периодот од крајот на јануари, па се до средината на овој месец, шестчлена криминална група извршила 11 тешки кражби. Кривичните дела се извршувани со насилно кршење на стаклата на вратите, и тоа на еден деловен објект и повеќе куќи во Струга, Октиси, Подгорци и Лабуништа. Мета на криминалната група биле претежно куќи чии сопственици живеат во странство, со добро разработен систем за извршување на кражбите.
„Со употреба на камен или шрафцигер влегувале од задната страна, вршеле детално пребарување по сите соби од каде земале пари, значителна количина златни предмети и технички апарати“ – објаснува Стефан Димоски, портпарол СВР Охрид.
Одземените предмети, со патничко моторно возило управувано од лице од Албанија но и со такси возило од Струга, биле префрлани во куќата на едно лице од сторителите, кое дел од украдените предмети ги продало на лице од Кичево“ информираат од СВР.
„При извршениот претрес, пронајдени се непродадените предмети како и дел од веќе продадените…. истите се одземени и им се вратени на оштетените“- додава Димоски.
Полициската станица од Струга, против лицата К.А, О.У, О.Е, сите на 19 годишна возраст како и против М.С роден 1988, Е.И роден 1993 и Р.Б роден 1972 година сите од Струга, поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека сториле 10 кривични дела „тешка кражба“, едно кривично дело „тешка кражба во обид“ и едно дело „прикривање“. Истражен судија при Основниот суд во Струга, на првите четири пријавени лица им одреди мерка притвор во времетраење од 30 дена.

{loadposition content9}