Дали е отпуштен од работа општинскиот архитект Урим Хани?
Наводно, причина било неговото незаконско работење. Овие информации ги негираше градоначалникот. Рече дека архитектот бил на боледување.
Покрај оваа, се споменува и друга причина. Се шпекулира дека во прашање биле и партиски недоразбирања помеѓу архитектот и градоначалникот. За ова не успеавме да добиеме информација од екс Архитектот Хани, но стапивме во контакт со градоначалникот. Тој ги негираше овие гласини. Рече дека архитектот Хани бил на боледување и оти неговото отсуство нема не е поврзано со ниту една од горе наведените причини.
ТВМ од свои извори дознава дека сега на местото на Урим Хани за прв човек на урбнанизмот привремено е поставен Натмир Неџити. Инаку Хани со оваа функција раководи речиси 3 ипол години, од доаѓањето Рамиз Мерко на градоначалничката фотеља.
{loadposition content9}