Отворен рекреативниот центар за лицата со интелектуална попреченост
Во Струга овој центар ќе функционира во склоп на дневниот центар Порака Нова и е дел од проектот финансиран од страна на Европската унија, насловен како „Дозволете да развиваме нови вештини.“
Во Струга овој центар ќе функционира во склоп на дневниот центар Порака Нова и е дел од проектот финансиран од страна на Европската унија, насловен како „Дозволете да развиваме нови вештини.“
Лицата со интелектуална попреченост од Струга и Вевчани ќе можат да го минуваат своето слободно време во новиот рекреативен центар. Овој центар е дел од проектот „Дозволете да развиваме нови вештини“ со средства од ЕУ и Европскиот инструмент за демократија и човекови права. Имплементација на проектот трае од декември 2005-та година и се очекува да заврши пред крајот на оваа година. Целта на центарот е подобрување на квалитетот на животот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства. Во рекреативниот центар ќе се одвиваат 19 различни курсеви наменети за овие лица. Со нив ќе работат посебно едуцирани лица за оваа намена.
„Ангажирани се 15 едукатори за секој од курсевите, претходно едуцирани, бидејќи не се стручно оспособени за работа со лица со интелектуална попреченост“, потенцира координаторот во дневниот центар Порака Нова, -Аните Гагоска.
Гагоска информира дека во изминатиов период интензивно работеле на адаптација на просторот. Направено е негово преградување и доопремување со цел да може целосно да функционира за потребите на курсевите. Лицата со интелектуална попреченост ќе може да се стекнат со знаења од социјалните вештини и персоналната автономија, спортот и спортските активности, описменувањето на македонски и албански јазик, модерни и традиционални танци, музикотерапија и друго. Интересот за посетување на овие курсеви ветува.Курсевите ќе се одржуваат попладне, со цел родителите на оваа ранлива група да знаат дека нивните деца поминуваат квалитетно време.
Овој рекреативен центар е вториот дел на проектот за развивање на новите вештини. Него му претходи изработката на каптациониот сервис, кој се состои во креирање на база на податоци за лицата со интелектуална попреченост, организирање на едукативни средби и работилници со нивните семјства, како и средби со претставниците на релевантните ентитети, се со цел собирање податоци за комплетирање на базата на податоци и на крај медиумска промоција на проектот. На крајот на годината кога и ќе завршат курсевите, ќе биде организиран еден завршен фестивал на кој ќе бидат презентирани сите стекнати знањеа и вештини.
{loadposition content9}