Skip to main content

Отворен научен симпозиум во Струга

Свечено отворен научниот симпозиум „Браќата Миладиновци и времето на македонската преродба од 19 век. Идејата за симпозиумот ја иницираше музејот од Струга, во пресрет на годината на одбележувањето на неколкуте јубилеи поврзани со делото на браќата Миладиновци.

 |  Билјана Николоска  | 
naucen simpozium
naucen simpozium

Поводи кои секогаш даваат можност да се вратиме на својата историја. Во рамките на одбележувањето на големите јубилеи и годишнини поврзани со делото на браќата Миладиновци, 200 години од раѓањето на Димитар, 150 години од излегувањето на зборникот е и научниот симпозиум кој денес свечено беше отворен во спомен домот на браќата Миладиновци. Директорот на НУ Музеј „Др Никола Незлобински“, доц. Др Сашо Цветкоски вели дека уште при основање на спомен домот на Браќата Миладинвци, некаде во 70 сетите години од минатиот век, замислата била овој простор да биде музејска институција, што за главна цел ќе има негување на споменот на македонските великани на преродбата на македонското национално дело и мисла од 19 век.

„Посебна чест и задоволство ми е да присуствувам и да се обратам на отварњето на меѓународниот научен симпозиум, во реконструираниот спомен дом на Браќата Миладиновци“,изјави заменик министерот за култура Драган Недељковиќ

Академик Блаже Ристовски, кажа неколку збора за Браќата Миладиновци, според него меѓниците на македонскиот преродбенски процес. Ристовски потенцира дека во секоја национална историја постојат меѓнички ориентири според кои се прави периодизацијата и класификацијата на историскиот развиток. Во нашиот преродбенски процес се истакнаа меѓници што ги маркираа епохите им дадоа белег и претставуваат степен во развојниот пат, додаде тој.

Вечерва во 19 :30 часот во Центарот за култура Браќа Миладиновци – Струга е свечената академија на која е најавен и претседателот на државава Д-р. Ѓорге Иванов.

 

 {loadposition content9}