Паднаа првите прекршочни пријави за кабелските оператори
Четири оператори на кабелски мрежи во Струга заработија прекршочни пријави.
Четири оператори на кабелски мрежи во Струга заработија прекршочни пријави.
Пазарните инспектори затекнале дека тие реемитуваат програма без соодветна документација. И во иднина будно ќе ја следиме нивната работа, најавија од пазарниот инспекторат.
Пазарните инспектори во Струга прават ревизија на работата на операторите на кабелските мрежи.
Четворица од нив, не се придржувале кон законските одредби. Против нив наделжните превзедоа мерки. Согласно законот за авторски и сродни права, поднесени се 4 барања за прекршок до Основниот Суд во Струга.
“Прекршоците се однесуваат на немањето потврда за регистрација на пакет програмски сервиси за реемитување преку јавна комуникациска мрежа, издадена од советот за радиодифузија. Исто, тие немаа ниту потврда за уредени авторски и сродни права од министерството за Култура“-вели Надица Николоска, началник Пазарен инспекторат-Струга.
Согласно законот, пазарниот инспекторат врши редовни контроли на работата на операторите на кабелските мрежи, информира Николоска.
Неколку дена интензивно ги следевме, и констатиравме дека операторите на кабелските мрежи во Струга, при нивната работа прават многу прекршоци, додава началникот.
Од пазарниот инспекторат најавија дека и во иднина интензивно ќе ја следат работата на кабелските оператори. Да се надеваме дека ова нема да биде само празна најава, туку почекот на решавањето на хаосот кај операторите на кабелски мрежи, кој со години владее во нашата држава.
{loadposition content9}