Стружанец за работи кривична пријава за бесправно градење
Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 55- годишен стружанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Намалени блок дотациите во струшките гимназии
Лошата состојба во струшките основните училишта ќе се преслика и во средните оваа година, поради намалените блок дотации од државата, сметаат од секторот за образование при општина Струга. Најмногу тоа ќе се одрази во делот на набавка на нафта за греење како и во превозот за учениците.
Отпадот во Струга оди под земја
Во соседна Струга за прв пат воведен е модерен начин на управување со отпад, со изградба на подземен контејнер, во централното градско подрачје. Носител на проектот е Центарот за Развој на Југозападниот плански регион, од каде најавија дека до крај на месец март годинава, подземен контејнер ќе добие и општина Охрид.
„Таа може“ преку обука и идеја до сопствен бизнис
Со цел жените од регионот да се ослободат од стравот на непознатото како и да се поттикнат повеќе да веруваат во себе и своите способности, Центарот за развој на Југозападен Плански регион во соработка со Нолеџ центар, успешно изведоа обуки за развој на женско претприемништво. Очекувањата се дека идните жени претприемачи од регионов успешно ќе ги реализираат своите идеи.
Струшка дијализа има потреба од обновување и на објектот и на апаратурата
На струшката болница за дијализа потребни и се нови апарати за хемодијализа, обновување на хируршкиот ендоскопски столб на одделението за урологија, а приоритет е санација на кровот кој при обилни врнежи од дожд и снег прокиснува во дел од собите на заводот.
Дали лабуништани ќе добијат спортска сала?
Кој ќе ја гради спортската сала во Лабуништа, струшко, ВМРО или ДУИ? Неодамна, министерот за образование Абдулаким Адеми, најави дека салата ќе почне да се гради за неколку дена. Наспроти ваквите најави од општина Струга со обвинувња дека Министерството за образование сè уште нема поднесено барање до нив за издавање на дозвола за градба за спортската сала во струшко Лабуништа.
Ќе се рехабилитира патот до село Злести
Локалниот пат кој води од селото Белчишта до манастирот „Света Богородица“ во село Злести во иднина ќе биде рехабилитиран и обновен.
Ревалоризацијата на значајните објекти во Струга во завршна фаза
Иако станува збор за очигледно помал број на објекти кои ќе бидат реставрирани за разлика од она што се работи во Охрид, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска негира дека станува збор за некаква селективност кај министерството.