Skip to main content
Дек 23, 2015

Во Струга досега не светна ниту една новогодишна декорација. Останува неизвесно дали тоа воопшто ќе се случи до најлудата нок и покрај високата сума на средства кои локалната ги издвои за декорација на градот.


Дек 21, 2015

Ги известуваме жителите на Општина Дебрца дека согласно последните измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, пролонгиран е рокот за поднесување барања и геодетски елаборати за легализација на дивоградби.


Фев 7, 2022

Инспекторите од трудовата и пазарната инспекција не констатирале прекршувања на Законот за работни односи. Во изминатиов месец, инспекторите  изрекле опомени за прекршоци направени по неколку законски одредби меѓу кои и непочитување на Законот за забрана за пушење.


Дек 14, 2015

Едно лице го загуби животот, а две се тешко повредени  во вооружен инцидент во Долна Белица.


Дек 14, 2015

Се дружеа, разменуваа идеи и мислења, се според протокол и со соодветен код на облекување. Велат дека ова е прекрасен начин да се подготват за нивните идни кариери.


Дек 12, 2015

Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на локалните патишта во општина Струга за 2016 год, тежи 168 500 000 денари. Од неа претежно се асфалтираат албанските села, додека пак македонските се запоставни реагираат советниците од македонскиот политички блок од Струга.


Дек 11, 2015

Буџетските форуми, можност да се каже дека општините се транспарентни и отчетни. Денес во Струга се одржа првата сесија на буџетските форуми на која се слушна гласот на граѓаните и нивните предлог проекти за тоа како треба да се крои буџетот на општина Струга за 2016 година и за кои проекти е потребно да се издвојат финансиски средства како приоритет.


Дек 11, 2015

На наредната седница на Советот на Општина Дебрца на дневен ред ќе се најде на разгледување Буџетот на Општина Дебрца за 2016 година.