Skip to main content
обиколница Вевчани
Апр 29, 2022
Инфраструктура општини
На својот Фејсбук профил Градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски информира дека во тек е п0остапката за изградба на втората обиколница во Вевчани.

ибраим Темо училиште Струга
Апр 27, 2022
Штрајк во образование
Половина од учениците во струшко одат на училиште. 38% од наставниците и професорите се обидуваат да реализираат настава, останатите штрајкуваат. Вистински образовен хаос. Не се знае како ќе се надоместува изгубената настава за одредени предмети од професорите кои штрајкуваат, но и за учениците, кои повеќе од две недели воопшто не одат на училиште.

органско производство на лешници
Апр 26, 2022
Органско производство
Локалните производители на органски лешници и намази од струшко, кои до 2019 ги освоија поголемиот дел од европските пазари, денес се соочуват со голема нестабилност. Не можат да обезбедат конкурентна цена за пласман на своите производи. Бараат измени во доделувањето на субвенции.

Трска Калишта
Апр 25, 2022
Изгорена езерска трска
Повеќе од една третина од езерската трска на потегот Струга-Калишта е потполно уништена. На спалените површини вдолж крајбрежјето никнуваат нови парапетчиња. Актвистите бараат засилени контроли од страна на инспекциските служби и казни за несовесните граѓани.

Елен камен
Апр 23, 2022
Викенд населба
Целосно е локализиран пожарот над струшката населба Елен Камен, кој вчера попладне избувна во шумата на патот кон селото Радожда.

Ввечани
Апр 21, 2022
Туризам
Општина Вевчани е подготвена да ги пречека туристите за претстојните празници. Се чисти и уредува секој дел од Вевчани. Оваа година, приоритет на општината е реконструкција на улиците и пробивање на земјен пат до земјоделските парцели.

економско дипломатски караван во Струга
Апр 15, 2022
Економија
Итни економски мерки за ублажување на последиците од светската економска криза и намалување на невработеноста во Југозападниот плански регион. Ова се дел од заклучоците на првиот економско дипломатски караван во организација на министерството за надворешни работи, што денес се одржа во Струга. Компаниите ги претставија своите економски и инвестициски потенцијали пред високи дипломати во земјава.

Полиција
Апр 14, 2022
Кривична пријава
ОВР Струга поднесе кривична пријава против жител на струшкото село Радолишта кој физички нападнал албански државјанин и го лишил од слобода.