Skip to main content
Вевчанска ликовна колонија
Јун 1, 2022
Вевчански видувања
Од 27-ми јуни до 4-ти јули во склоп на Вевчанската колонија „Вевчански видувања“ ќе се одржи летна ликовна школа за деца.

недостасуваат сместувачки капацитети
Јун 1, 2022
Сместувачки капацитети
Во струшко недостигаат современи хотелски капацитети. Потребни се зелени еко инвестиции за привлекување и сместување што поголем број туристи. Мал е брoјот и на категоризирани луксузни апартмани во приватното сместување во струшко.

Аладин Демишоски, интернист од Здравствен дом Вевчани
Јун 1, 2022
Здравство
Во пост ковид периодот зголемен бројот на мозочни удари и карциноми на подрачјето на Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ Вевчани. Лекарите велат забележителни се и минливи пост ковид компликации како воспаление на срцевиот мускул и градна болка кои се лекуваат со лесна терапија. Лабуништа беше едно од првите села погодено од пандемијата, каде е излекуван најстариот ковид пациент со билатерална пневмонија.

каменоломи Белица
Мај 31, 2022
Каменоломи
Жителите на струшкото село Белица се закануваат со блокади и протести против каменоломите во селото. Камионите и механизацијата им ги уништуваат патиштата и куќите, а жителите велат, се гушат во прашина. Бараат Владата да ја стопира работата.

Шума Вишни
Мај 30, 2022
Екологија
До редакцијата на ТВМ Пристигна допис од Месната заедница на Селото Вишни, во врска со големиот број проблеми со кои се соочуваат вишненци.

Автоматски Станици
Мај 30, 2022
Екологија
Подводна акција за инсталирање на автоматски станици за рано предупредување во Дебарското Езеро. Помогнаа нуркачите од клубот „Врело“.

Полиција несреќа
Мај 28, 2022
Трагедија
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што подоцна починал.

плажи Струга
Мај 27, 2022
Струшко крајбрежје
Плажите на струшкото крајбрежје и оваа сезона непречно ќе работат. Дополнително со европски пари ќе се уредува брегот на Охридското Езеро. Министерот за транспорт ја повика Струга да побара помош за спроведување на препораките на Унеско. Градоначалникот Мерко смета дека се пренегласуваат заштитните мерки и препораки кои го кочат туристичкиот развој.