Skip to main content
Ное 14, 2015

„Во рамки на проектот Мобилен Парламент, Граѓанската Асоцијација МОСТ организира јавна средба на тема: „Пратениците и граѓаните отворено за еколошките прашања во Струга.“


Ное 13, 2015

Смената на началникот на пазарниот инспекторат во Струга, деградацијата на пазарните инспектори во референти, вработувањата на кадри од ВМРО –  ДПМНЕ во СВР Струга, скратените финансиски средства од блок дотациите за струшките средни училишта од над 62.000 евра, се само дел од аргументите кои имаат за цел, Струга да биде избришана од инвестициската мапа на Владата. Вака денес обвинија од политичката партија на Движењето за реформи на ДПА.


Ное 9, 2015

Едно лице го загуби животот во сообраќајната незгода што вчера во 17 часот и 10 минути се случи на кеј „8 ноември“ во Струга во близина на реката Црн Дри, информираат од СВР Охрид.


Ное 6, 2015

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Злоупотреба на службена положба и овластувања“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 35- годишен стружанец.


Ное 3, 2015

Во струшката црква „Св Ѓорги“, пронајден фрагмент од фреска Успение на Богородица кој датира од 13 век. Тоа е потврда дека храмот постоел во средината на тој век како и тоа дека ова е најстариот христијански верски објект во градот.


Ное 3, 2015

Голем дел од архитектонските градби во Струга заштитени со закон ги изгубиле споменичните својства и не ги исполнуваат условите со кои биле прогласени за вредно културно наследство. Но дел од нив постојат и влегуваат во Владината програма за санација на покривите и фасадите, открива директорката на Завод и Музеј Охрид Тања Паскали Бунташеска.


Ное 2, 2015

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.Д. (40) од струшкото село Октиси.


Окт 27, 2015

Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор сака да гради социјална зграда во Струга, но за тоа не добива зелено светло од градоначалникот Зијадин Села. Директорот на Агенцијата објаснува дека во интерес на самиот град е да се изгради ваква социјална зграда бидејќи голем дел од социјалните случаи кои немаат решено стамбено прашање на тој начин ќе се решат.