Skip to main content
Јул 21, 2015

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Узурпација на недвижности “, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против В.К.В. (44) од Охрид.


Јул 18, 2015

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов  денеска ги посети децата, летувалци во одморалиштето „ Мајски цвет“. Детскиот џагор го оживеа ова одморалиште, каде престојуваат деца од семејства со социјален ризик, од семејства приматели на социјална парична помош, деца без материјална помош, деца без родители, како и деца со пречки во развојот, во рамки на проектот за бесплатен одмор кој го спроведува Владата на Македонија.


Јул 16, 2015

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ убиство во обид“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Ф.Р.(50) од струшкото село Долна Белица.


Јул 10, 2015

Во сабота и недела во општина Струга ќе се врши дезинсекција против комарци и бели пеперутки.


Јул 4, 2015

Во 1000 примероци, 500 на македонски и 500 на албански јазик излезе од печат Стратегијата на општина Струга. Се очекува Советот на општина Струга за истата да ги донесе и акциските планови кои произлегоа од неа.


Јул 2, 2015

Голема дупка на стариот пат Охрид – Струга во близина на Подмоље ја загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот. Возачите се револтирани и велат дека ги испокршиле своите возила, бидејќи патот вака ископан стои речиси неколку месеци. Тие апелираат до надлежните час поскоро да се погрижат за санација на оваа дупка за да не се случи поголема катастрофа.


Јул 1, 2015

Концептот за родова еднаквост сеуште претставува прашање што се проблематизира. Дали проблемот е во доминантната моќ на мажите или во пасивноста на жената, е прашање на кое денес се дебатираше во соседна Струга во Центарот на заедницата, каде стружани имаа можност да се сретнат со Комисијата за унапредување на рамноправноста помеѓу половите при Советот на општината.


Јан 30, 2022

На 29.01.2022 година, К.К. (65) од Кичево, во надлежната полициска станица пријави дека на булеварот „Ослободување” во Струга бил каснат од куче скитник.