Жител на Октиси нелегално превезувал огревно дрво
На 14.09.2021 година во 14 часот на локален пат кон струшкото село Октиси, полициски службеници од Полициското одделение Велешта извршиле контрола во патничко моторно возило „Нисан” со струшки регистарски ознаки, управувано од С.Ц.(67) од селото Октиси, при што било констатирано дека бесправно и без соодветна документација превезувал огревно дрво.
Пожар во стан во Струга
На 14.09.2021 година во 14.30 часот во ОВР Струга пријавено е дека настанал пожар во стан на улица „Партизанска”, сопственост на В.М.(33) од Струга.
Мајка го малтретирала и присилувала да питачи својот 8 годишен син во Струга
На 14.09.2021 година во ОВР Струга приведена е М.Н.(28) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете”.
Вевчани доби кабинет за физикална терапија
Љупчо Милошески ја претстави монографијата „Од Љубанишча до Дебор“
Млад стружанец колекционер на народни носии, издаде Монографија „Од Љубанишча до Дебор“. Монографијата содржи фотографии од невестински носии од крајот на 19 и почетокот на 20 век, 12 етнички предели од брсјачката и дебарско – реканската етнографска целина.
Сообраќајка на магистралниот пат Струга-Ќафасан, повреден малолетник
На 10-ти септември 2021 година, во 08.00 часот во Струга на магистралниот пат А2 Струга-Ќафасан во близина на каменолом се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.
Се намалува бројот на хоспитализирани во струшката болница
Се намалува бројот на хоспитализирани во струшката болница, а истовремено расте интересот за вакцинација. Во Струга имунизирани се 23 000 граѓани и уште 10 000 во Здравствениот дом во Вевчани. Од менаџментот на здравствените установи велат строго се забранети посети на ковид болни пациенти, кои се лекуваат во болниците.
Завршува онлајн наставата во средните училишта во Струга
Завршува препораката за онлајн настава во средните училишта во Струга. Директорите велат дека се подготвени од четврток да започнат со настава со физичко присуство. Во основните училишта во струшко, каде наставата од 1 септември се одвива со физичко присуство до денес нема ниту еден заболен ученик. Дали средношколците од Струга ќе се вратат во училипните клупи ќе зависи од одлуката на Комисијата за заразни болести.
