Skip to main content
Јун 23, 2015

Земјиштето ќе се продава по пат на електронско јавно наддавање, а почетната вкупна цена на земјиштето изнесува околу 60 илјади евра.


Јун 23, 2015

Пожар го зафати објектот на некогашниот затворен пливачки базен во Струга. Единиците на Против пожарната единица од Струга веднаш интервенирале и за брзо време пожарот бил локализиран.


Јун 23, 2015

Урбанизацијата, односно, негативните влијанија на човекот се најголемите демони на Охридското Езеро. Потребна е координација помеѓу научниците, експертите, јавноста и политичарите, ако сакаме да ги зачуваме сите природни реткости, кои за среќа сеуште ги има во Охридското Езеро, сметаат експертите по екологија од охридско-струшкиот регион.


Јун 18, 2015

Дивата депонија во Струга, жежок костен и за актуелниот директорот на ЈП „Комунално“, Гарип Каба. Ниту претходната, ниту тековнава градска власт, не успеа да најде решение за овој проблем на стружани. Алармирани се сите надлежни институции, но без изгледно решение во блиска иднина.


Јун 16, 2015

Лоша состојба со двете пешачки патеки во Струга.  Стружани сметаат дека локалната власт треба посериозно да се посвети за нивно доуредување, да ги доизгради и осветли, и комплетно да ги среди.


Јун 16, 2015

Легален грабеж преку наплатата за јавното осветлување во Струга. Од џебот на граѓаните, преку јавното осветлување, до приватна корист. Ваквите обвинувања доаѓаат од здружението АКВА, кое денес излезе со информации и печатен материјал од нивното истражување за уличното осветлување во градот.


Јун 13, 2015

Охрид и Струга треба да се нудат во пакет и целото крајбрежје од Радожда до Св Наум да биде една поголема дестинација која ќе се промовира пред тур операторите, смета претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески. Во моментов Струга како туристички центар со мал број хотелски капацитети и само 1000 легла е доволно промовиран на туристичкиот пазар, смета претседателот на ХОТАМ.


Јун 12, 2015

Општина Струга известува дека на 13.06.2015 (Сабота) и 14.06.2015 (Недела), ќе се врши дезинсекција против комарци во општина Струга. Запрашувањето ќе се врши рачно.