Skip to main content
Сеп 6, 2021

Во струшката болница има 35 хоспитализирани пациенти, најмладиот има 42 години. Од 604 активни случаи на корона вирусот, 21 пациент се со тешка клиничка слика на кислородна поддршка. Само 12 пациенти кои се лекуваат биле вакцинирани, но сите се во стабилна состојба.


Сеп 3, 2021

Пристапни рампи за инвалидизираните лица, бараат стружани. Тротоарите во градот се високи, а лицата со телесен инвалидитет не може слободно да се движат по тротоарите, пешачките патеки и немаат пристап до институциите, се жалат граѓаните во рубриката „Ти си твојот град” на ТВМ телевизија.


Сеп 2, 2021

Враништани за утре најавуваат едночасовен прекин на сообраќајот на магистралниот пат Струга-Дебар. Бараат подобра комунална инфраструктура. Негодуваат дека 3 децении се запоставени комуналните потреби на жителите од сите досегашни политички структури кои биле на власт.


Сеп 2, 2021

Струшките кајакари, ентузијасти и поддржувачи на лицата со ретки болести, под мотото „Весламе за ретките“ во сабота на 4-ти септември по втор пат ќе ги разбрануваат водите на реката Црн Дрим и Глобочичкото Езеро.


Јан 18, 2022

Жител на Албанија вчера беше фатен со 30 кг свежа риба кај Сатеска.


Авг 31, 2021

Пребрзо возење, непочитување сообраќајна сигнализација, недостаток на соодветни сообраќајни решенија, непрописно паркирање, се дел од забелешките на стружани, кои ги пријавуваат во рубриката „Ти си твојот град” на ТВМ телевизија. Граѓаните предлагаат нови сообраќајни решенија за поголема безбедност во сообраќајот, но и поригорозни казни од страна на полицијата.


Сеп 2, 2021

Meсната заедница на село Враништа за утре најавува нов протест, преку кој бараат селото да добие нова канализациона и обновување на постоечката водоводна мрежа.


Сеп 1, 2021

Започна онлајн настава во средните училишта во Струга. Основните училишта стартуваа со настава со физичко присуство. Според одлуката на владата онлајн настава во струшките училишта ќе се следи само првите седум денови.