Струга прва по смртност од корона вирусот во земјава, Охрид на шесто место
Здравствените работници причината ја гледаат во задоцнетотот барање на лекарска помош и коморбидитетите на пациентите. Од почетокот на пандемијата до изминатиот викенд во Струга како последица на компликации од ковид 19 починаа 85 , а во Охрид 49 лица.
Струга добива нови корпи за ситни отпадоци
ЈП Комунално-Струга почна со поставување на новонабавените метални корпи наменети за одлагање на ситни отпадоци.
Запленета дрога кај затвореник во Затвор-Струга
На 16.11.2020 во рамки на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи од страна на Одделот за Криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со СВР Охрид ОВР Струга и затворската полиција од Казнено поправната установа Теферич Струга, била извршена контрола и претрес над затворските ќелии со цел обезбедување на материјални докази и заплена на наркотична дрога, при што околу 19:00 часот во КПУ Затвор Струга кај затвореникот Ѓ. П. пронајдена е околу 250 грама марихуана.
Во струшката градинка „8ми Март“ ќе бидат згрижени 220 деца
Градинките ги отворија вратите после 6 месеци поради пандемијата и повторно ги примија дечињата. Во струшката градинка „8 ми Март“ ќе бидат згрижени 220 деца, а на листата за чекање има уште 130. Одговорните велат имаат просторни услови и подготвени се да ги почитуваат препораките.
Струга преполна со гости кои ги користат ваучерите за одмор
Хотелите се букирани за цел август. Но туристичките работници стравуваат од голем пад во приходите веќе од септември и повоторно продлабочување на кризата во оваа дејност.
Струга нема да дозволи уривање на објектите на плажите
Струга нема да дозволи уривање на објектите на плажите. Уредбата на Владата ќе ја обжалат на Уставен суд. Вака одлучија концесионерите и градоначалникот Рамиз Меркона денешниот состанок.
Пукање пред хотел во Струга
На 25.02.2022 година околу 14 часот, во ОВР Струга пријавено е дека на влезот во хотелски објект на улицата „Партизанска” во Струга, било пукано од огнено оружје.
Со грант од ЕУ, Општина Дебрца доби канти за собирање комнален отпад со што започнува организираното подигање комунален отпад
Во некои од селата во средна Дебрца, деновиве пристигнаа кантите за собирање отпад кои општината ги обезбеди преку грант во рамките на Проектот „Унапредување на општинското владеење“’, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).