Миграцијата проблем кај младите од Струга
Миграцијата најголем проблем кај младите стружани. Изготвувањето на Локалната стратегија на општина Струга за соработка со граѓанскиот сектор од страна на младинските здруженија во соработка со општината, ги дава потребните насоки како младите треба да се ангажираат, со цел да се намали ова појава.
Врачени дипломите на матурантите од ПСУ Јахја Кемал
Врачени дипломите на матурантите од ПСУ Јахја Кемал.
Стружанец незаконски издавал времени таблички
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.Б. (39) од Струга.
Алфа Медика Плус, се прошири
Стручноста и љубезниот однос на медицинскиот персонал во Алфа Медика Плус, рецепт за успех. Оваа ординација по општа медицина во Струга деновиве се прошири, односно отвори своја биохемиска лабораторија која во многу ќе им заштеди време, не само на своите пациенти туку и на сите останати кои имаат потреба од лабараториски анализи. Работат со современа технологија односно апаратура која за еден час обработува 240 анализи.
Градежна експанзија во Струга
Во соседна Струга интензивно во две смени се работи на двата кружни тека и шеталиштето на кејот „Борис Кидриќ“ од едната страна на реката Црн Дрим. Локалната власт тоа го прави од сопствени средства и за сите три проекти ќе потроши околу 30 милиони денари.
Општина по мерка на граѓаните
Стружани сакаат враќање на затворениот базен, обнова на дрвениот мост на љубовта, дислокација на неколку паркинзи кои се во катастрофална состојба, обнова на старата училишна зграда на ОУ „Браќа Миладиновци“ и многу други работи со цел да се подобри општинското живеење. Центарот на заедницата се обидува нивните забелешки да ги пренесе до надлежната локална власт како би се пронашло решение за нивно надминување.
Приведени тројца кичевчани за насилство
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дел „насилство“ полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Н.Ц.(31) Е.Ц.(24) и Е.З.(25) сите од Кичево.
Струга пример за соживот
Соживотот во Струга стои на цврсти нозе. Гледано од призма на невладиниот сектор и покрај тоа што општината важи за кревко подрачје место за конфликт нема. Од влашката заедница сметаат дека соживотот се повеќе ги сплотува стружани, додека пак албанските аналитичари од Струга сметаат дека политичката ситуација во Македонија е заострена поради политичките струења а не поради меѓуетнички омрази.