Промоција на новата ИПА Програма за прекугранична соработка
Р. Македонија и Р. Албанија постигнаа одличен напредок со реализација на проекти од ИПА Програмата за прекугранична соработка, во сите области, истакна Министерот за Локална Самоуправа. Ова министерство искористило дури 80% од фондовите на ИПА програмата, тврди министерот Лирим Шабани.
Села: ДУИ да излезе од владата за да се стави крај на политичката криза
ДУИ треба да излезе од владата, со што ќе се отвори можност за формирање техничка влада. А аферата со прислушкување да се искористи да се декриминализира политиката, за никогаш повеќе да не ни се повтори ова што се случува, изјави струшкиот градоначалник и претседател на ДПА, Зијадин Села. Тој додава дека граѓаните не сакаат етнички тензии и доколку дојде до конфликт тој ќе биде намерно предизвикан од политиката.
Млади архитекти од цела Европа ќе работат на нов изглед на градскиот плоштад во Струга
Изработката на нови архитектонски решенија преку слушање на јавното мислење е крајната цел на проектот „Градот кој никогаш не спие“. Во рамките на овој проект, 15 архитекти и дизајнери дваесетина дена ќе креираат нови урбани решенија за градот на поезијата.
Жител на Делогожда нападнал 78-годишна жена во Струга
На 28-ми јануари 2022 година во 00:20 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Ш.А. (61) од струшкото село Делогожда.
Организирање на конгреси, и воведување на новитети за гостите со цел продолжување на туристичката сезона
Ова се само дел од алатките кои хотелот Дрим од Струга ги применува во насока на проширување не само на бројот на гостите, туку и земјите од кои тие доаѓаат. Една од нивните иновативни идеи, струшките кепенци, сеуште функционира и им нуди на туристите автентично искуство.
Аранжманите за католички Велигден поминуваат незабележливо-очекуваните гости се оние традиционалните
Поголем број од најавените аранжмани се однесуваат за периодот на православниот Велигден. Менаџментот на хотелот Дрим од Струга годинава очекува добра сезона, и гости од Словенија, Данска, Турција, Холандија, Австрија, Израел.
Струга денес обоена во сино
На иницијатива на волонтерите од „Порака Нова“, одбележан Светскиот ден на лицата со аутизам.
Носи сино за аутизам
На 2 април 2015 година го одбележуваме Светскиот ден за подигнување на свеста за Аутизмот, и за таа цел Порака Нова, ќе организира јавен настан во центарот на градот.