Skip to main content
Мај 20, 2021

ОВР Струга поднесе кривична пријава против две лица од Велешта поради узурпација на 1.372 м2 државно земјиште и насипување на земја и градежен шут во водите на Охридското Езеро.


Мај 12, 2021

Пред почетокот на новата туристичка сезона, на десеттината плажи на струшкото крајбрежје угостителите се подготвуваат за гостите. Градоначалникот Рамиз Мерко тврди дека во Струга нема дивоградби во заштитениот појас. Но и во Струга, исто како во Охрид на концесионерите им се истечени договорите. Во однос на палењето на трската во Калишта пред туристичката сезона , струшкиот градоначалник е дециден дека нема да дозволи дивоградби на тој потег.


Апр 29, 2021

Во тек се подготовки на училишните простории кои ќе бидат во склоп на  средното музичко училиште, Наскоро ќе има  избор на в.д директор, наставници и оглас за пријавување на ученици.


Апр 26, 2021

Според анализата на здружението за мултукулрурна интеграција „Инклузија“ , пандемијата го намали процесот на миграција но анкетите покажуваат веднаш по стабилизирање на состојбите  планираат да  заминат  во европските земји.


Апр 23, 2021

Моментално во неа се сместени 11 ковид болни пациенти. Состојбата во третиот бран на пандемијата во Струшко е стабилна, има уште 40 тина слободни кревети.


Апр 21, 2021

Расправија помеѓу двајца сопружници  во стан во Струга прерасна во крваво убиство. Битолчанец си ја убил сопругата и се обидел и да се самоубие.  Осомничеиот маж е опериран и се наоѓа надвор од животна опасност.  Полицијата  и јавното обвинителство работат на утврдување на околностите и фактите  под кои се случил настанот.


Апр 9, 2021

Kривична пријава за палење трски и насипување шут во Охридското Езеро во струшко поднесе државниот инспекторат за животна средина.


Апр 9, 2021

Денеска во Струга започна судскиот процес за дивата струшка депонија.  Македонското здружението на млади правници  ги тужи Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Струга и Јавното претпријатие Комунално Струга поради непреземање мерки за справување со депонијата со што го повредилче правотo на здрава животна средина. По неколкуте неуспешни кривични пријави против непознат сторител, ова е прва граѓанска тужба за струшката депонија.