Skip to main content
Апр 1, 2021

Општата болница во Струга е спремна за справување со ковид пандемијата, вели новиот директор на Струшката болница, др Арменд Арслани. Епидемиолошката  состојба во Струга е стабилна, а болницата  има и опрема и медицински кадар за справување со бранот, уверува Арслани.



Мар 31, 2021

Тоа ќе значи пристојни услови за живот за 40тина семејства кои со години живеат во колиби од картони и ламарина, со калливи улици по кои течат  фекалии и затрупани со секаков отпад.


Мар 25, 2021

Пандемијата дополнително ги осиромаши најзагрозените категории граѓани. По струшката чаршија се поеста глетка е питачењето. Надлежните велат дека лицата кои питачат доаѓаат од други градови.


Мар 12, 2021

Од ниеден активен случај со корона вирус, изминатава недела бројот на заболени во општина Вевчани порасна на 20 лица. Загрижува тоа што поголемиот дел од нив се млади од 20  до 40 години.


Мар 9, 2021

Мозаиците од ранохристијанската  базилика од петтиот век  пронајдена во селото Октиси ќе бидат изложени пред очите на јавноста. За таа цел изградени се специјални конаци. Последниве години вршени се археолошки истражувања на повеќе локалитети  во струшко каде се откриени   ранохристијански базилики и истите се конзервираат.


Фев 23, 2021

За среќа нема повредени. Камењата уништиле помошни простории. . Карпата се одронила  најверојатно поради мразот и  ниските температури. Од општината најавиле расчистување на одронот но семејството Пејоски  и нивните соседи стравуваат од нови одрони.  


Мар 4, 2021

Стефан Нестороски од Струга, предава хармоника во Средното музичко училиште „Тодор Скалоски“ со месечен  договор на дело, нема здравствено осигурување, не му се води работен стаж. Со полно работно време тој сепак се пријавува во Агенцијата како невработен. Вели дека размислува среќата да ја побара надвор од државава.