Skip to main content
Ное 29, 2014

Годинава, хуманитарниот проект отворени забавни фудбалски школи, бележи завидна бројка од 1 милион учесници кои поминаа во нивните активности. Вчера во Струга за прв пат се формира интернационален совет со претставници од 20 земји од целиот свет, кои ќе одлучуваат во која насока ќе се движи овој најброен проект следниве 5-6 години.


Ное 29, 2014

На стружани им треба нов болнички комплекс или реконструкција на постоечкиот, изјави Ментор Ибраими директорот на општата болница. Според бројот на пациенти и интервенции струшката болничка установа може да прерасне во регионален центар доколку се реши просторниот проблем, додава директорот.


Ное 27, 2014

Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски беше во посета на село Оровник каде се изведуваат градежни работи за изградба на повеќенаменско спортско игралиште во дворот на основното училиште во селото.


Ное 26, 2014

Пилот проект, спроведување на енергетски контроли на 4 јавни објекти во Југозападниот плански регион, добија 4 општини од овој регион. Во Струга беа презентирани постигнатите резултати од спроведувањето на проектните активности во Југозападниот плански регион во период од 15 месеци колку што беше времетраењето на проектот ИРЕКо.


Јан 22, 2022

Во Струга е приведен 44-годишниот Б.Б. кој при преглед извршен од полициските службеници во струшката населба „Плитишта”, исфрлил една опаковка со кафеава прашкаста материја.


Ное 25, 2014

Невладиниот сектор кој работи на проекти за борба против семејното насилство, до 2015 очекува да се отвори кризен центар во Струга. Тоа им е повеќе од неопходно бидејќи во моментов ниту Центарот за социјална работа ниту секторот за внатрешни работи од Струга нема каде да ги смести жртвите. НВО Езерка од Струга се вклучува во 16 дневниот активизам за одбележување на деновите во борба пртотив насилството врз жената.


Ное 24, 2014

Утре во хотелот Инекс Дрим во Струга, со почеток во 10:30 минути,  ќе се одржи завршната конференција на проектот “Зголемување на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион”, во чии рамки се спроведоа поголем број активности во Југозападниот плански регион.


Ное 17, 2014

Стекнуваа вештини како подобро да научат да се изразуваат, како и да дискутираат по најразлични теми.