Skip to main content
Авг 14, 2014

Вевчанци завиени во црно. Тие во шок, неверување и огорченост го коментираат синоќешниот настан, во кој нивни соселанец, во крвав инцидент го уби Владо Попески, сопственик на кафетеријата Пјаца, како и неговиот пријател Матеј Ѓурчески. Вевчанци отворено прашуваат, дали полицијата потфрли во овој немил настан.


Авг 13, 2014

Стружани и бројните туристи од вечерва ќе се преселат на ракометното игралиште на „Женска плажа“. Почнува големата спортска манифестација, Меѓународниот турнир во ракомет „Струга 2014“.


Авг 9, 2014

Струга од 13 – 16 ти август ќе живее во знакот на ракометот. На Меѓународниот ракометен турнир учество ќе земат 7 екипи. Организаторите ветуваат интересни натпревари, обезбедија максимални услови на отворениот терен на „Женска плажа“ и очекуваат како и секогаш голема поддршка од струшката публика.


Јул 19, 2014

Денес стружани и сите заинтересирани можеа не само да се информираат за изложените производи, туку и да ги купат истите по специјално намалени цени.


Јул 11, 2014

Денес градоначалникот Трајкоски на лице место каде беа каптирани два извори со кои ќе се зголеми количината на вода со која се снабдува населението.


Јул 10, 2014

ПС Струга поднесе кривична пријава против М.М.(24) од село Котодеш, Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“.


Јул 7, 2014

Во рамките на проектот  „Зголемување на енергетската ефикасност и употребата на обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион“, утре во Струга, во времето од 11 до 15 часот, на специјално поставен штанд пред хотелот Београд,  во старата чаршија, граѓаните ќе можат да се информираат за придобивките од користењето на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност преку  бесплатни инженериски совети и промотивни материјали.


Јул 4, 2014

Од струшката локална самоуправа информираат дека на 7- ми јули, понеделник, ќе се врши теристичка аеросолна дезинсекција против комарци во периодот од 22 до 6 часот наредниот ден.