Skip to main content
Дек 30, 2021

Во Струга и годинава нема да има организиран дочек на Новата година. Градските власти одлучија да не трошат пари на музичка програма, а штедеа и на новогодишно украсување. Туристичките работници сметаат дека треба да има централна прослава на отворено за привлекување на што поголем број туристи.


Дек 20, 2017

Половина година пречистителната станица за третман на отпадни и фекални води во близината на Струга е во тотален колапс, односно не работи, открива директорот на Јавното претпријатие Водовод Струга. Ваквата состојба е алармантна и веќе предизивикува еколошка катастрофа во реката Црн Дрим, и делумно во Охридскотo Езеро.


Дек 20, 2017

Стружани покажаа голем интерес за јавната дебата за буџетот и развојните прогрми на општината. Присутен беше и градоначалникот Размиз Мерко, кој истакна дека општина Струга мора да биде транспарентна и одговорна пред своите граѓани како и тоа дека буџетот за 2018 година бил проектиран согласно реалните потреби на градот и граѓаните.


Дек 13, 2017

Градот на две води, Струга, прави напори да го врати пливањето. Во овој град има еден пливачки клуб кој брои над 300 членови. Во лето пливачите некако се снаоѓаат за одржување на тренинзи, додека пак во зимскиот период тие за тренинг ги користат хотелските базени кои се премали за нормално одвивање на еден тренинг.


Дек 7, 2017

Стружани конечно ќе добијат затворен пливачки базен. Децениската битка за реконструкција на овој објект заврши успешно. Агенцијата за спорт и млади во програмата за 2018 година предвиде реализација на овој капителен проект кој е од огромно значење за градот.


Ное 24, 2017

ТВМ Телевизија неофицијално дознава дека утрово се случил грабеж во експозитурата на ТТК банка на влезот во Струга


Ное 21, 2017

Од Центарот за јавно здравје информираат дека Состојбата со квалитетот на водата од градскиот водовод во Струга е нормализирана. Објаснуваат дека вредноста на матноста е во граници на пропишаната и законски дозволена.


Ное 20, 2017

И вчерашните (19.10.2017 г.) контролни анализи на водата за пиење од градската водоводна мреза во Струга, по однос на параметарот резидуален хлор (дезинфекционо средство) и матност, што ги ивзрши Центар за јавно здравје Охрид (последната вчера-19.10.2017,во 14:15 мин.) покажаа дека водата од градскиот водовод содржи доволно количество на дезинфекционо средство (резидуален хлор), но матноста е сеусте над законски дозволената и прописана вредност.