Skip to main content
Фев 12, 2018

 Македонската гранична полиција доби 16 нови возила. Станува збор за донација во вредност од над 240 000 евра од сојузното министерство за внатрешни работи на Германија. Донацијата ја прими министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој се заблогодари за цврстото партнерство кое го има Македонија со Сојузна Република Германија. 


Јан 25, 2018

Граѓанските здруженија од Струга бараат под итно да се постави мерна станица за испитување на квалитетот на воздухот. Биолозите предупредуваат дека белодробните заболувања последниве две години се во пораст, што како причина го наведуваат точно квалитетот на воздухот.


Јан 20, 2018

Микробиолошката лабораторија во центарот за нефрологија Струга, пофалена од голем број корисници на услуги од охридско струшкиот регион. Менаџерскиот тим на установата вели дека добро е кога се слуша позитивна критика. Тоа им дава дополнителен стимул за работа кон остварување на нивните цели, насочени кон унапредување на квалитетот на здравствените услуги.


Јан 19, 2018

Томче Голабоски беше најсреќен меѓу стотината капачи кои се фрлија во студените води на реката Црн Дрим во Струга и го фати чесниот крст. Премиерот на Р. Македонија Зоран Заев кој оваа година присуствуваше на манифестацијата „Водици Струга 2018“ на Голабоски му посака да го следи среќа и добрина низ целата година, да донесе среќа и на Струга и на нашата Македонија.


Јан 18, 2018

Струга подготвена е за најголемиот христијански празник Богојавление – Водици. Во Струга никогаш не престанала традицијата на положување на светиот крст во водите на реката Црн Дрим, велат од Цркавата Св Ѓорги. А годинешниот кум Славчо Билјан со нетрпение го очекува утрешниот ден и ги покани сите граѓани да присуствуваат на овој свет чин.


Јан 5, 2018

На последната седница на Советот на општина Струга пред советниците беше ставена нацрт верзијата на новиот статут кој предвидува албанскиот јазик да стане официјален. Струга е единствената општина во земјава која работи со стар статут и без деловник за работа.


Јан 11, 2022

Вевчани ја продолжува вековната традиција. Од утре започнува одбележувањето на Василица. Годинава покрај карневалското дефиле и обичаите на василичарите ќе има и богата културно-уметничка програма.


Јан 4, 2018

Влажни ходници, накиснати зидови, уништени подови, клупите и компјутерите во очајна состојба. Ваква е состојбата во ОУ „Јосип Броз Тито“ после поплавата која се случи викендов. Како што информираа од училиштето некој намерно или случајно заборавил да ги затвори чешмите во две училници, поради што настанала поплавата. Директорката го сумира обемот на штетата, ќе го бара одговорност.