Во Вевчани ќе се гради ски центар
Современ ски центар со викенд населба, хотели и три и пол километарска жичара ќе се гради во Вевчани. Градоначалникот Цветомир Угриноски изјави дека станува збор за реализација на проект кој е од непроценливо значење за охридско – струшкиот регион.
Општина Струга ги бојкотира Струшките вечери на поезијата
Општина Струга ги бојкотира Струшките вечери на поезијата. Причината е непочитување на Законот за употреба на јазиците од страна на раководството на СВП. Директорот на оваа реномирана поетска манифестација не сакаше да дискутира за бојкотот бидејќи со тоа на СВП им се давала политичка конотација.
Струга во знакот на врвниот ракомет
Струга е подготвена за почеток на меѓународниот ракометен турнир „Струга 2013“. Наредниве 4 дена врвот на Европскиот ракомет ќе се претстави во најдобро светло и секако најдобриот ќе победи.
Отчет на Села за првите 100 дена
Градоначалникот Зијадин Села, денес даде отчет за сработеното во првите 100 дена од мандатот. Хаосот, окупираноста на јавниот простор, злоупотребувањето на власта, ќе останат само пример за лошото владеење со Струга во минатото, истакна Села.
Рамиз Мерко избран за претседател на новиот состав на Југозападниот плански регион
На првата конститутивна седница на Советот за развој на југозападниот плански регион, градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко беше избран за претседател на новиот состав.
Утре во Струга започнува ракометниот турнир
Од утре Струга ќе пулсира во ракометен дух. Теренот е веќе подготвен и ракометарите учесници на 41 то издание, годинава силите ќе ги одмерат на новото тло, изработено согласно европските страндарди, како што информираат од организациониот одбор.
Струшкиот Совет конечно живна
Струшкиот Совет, денес и конечно ги формира Комисиите на советниците и ги именува членовите на Управните одбори во ЈП и ОУ. Советниците воглавно задоволни, со мал исклучок на советниците од ПЕИ, кои сметаат дека како торбеши се недоволно застапени во комисиите и дека со тоа се дискриминирани.
Криза во струшкиот Совет
Никако да профункционира струшкиот Совет. Денешната втора по ред седница само што почна, заврши, односно откако советниците на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија седницата, после првата дискусија на останатите советници, истата се одложи.