Започна вештачкиот мрест на пастрмката
Вештачкиот мрест на охридската пастрмка Охрид 2014 започна од Радожда, струшко. Владата на Р. Македонија годинава ја дуплира финансиската поддршка за мрестот на пастрмката во споредба со минатата година и одвои 13 милиони денари од буџетот.
Деветти по ред натпревар по англиски јазик во колеџот „Јахја Ќемал“
На него се натпреваруваа преку 200 ученици од повеќе основни училишта од југозападниот регион на земјава. За најдобрите десет ученици на натпреварот, колеџот „Јахја Ќемал“ обезбедува стипендии за студирање.
Вевчанска река порибена со 1000 парчиња речна пастрмка
Порибувањето со младите единки го изврши спортското риболовно друштво „Пастрмка“ од Струга под надзор на Инспекторатот за земјоделие, а под покровителство на општина Вевчани.
Тодоров: Концесијата ќе ги подобри условите на дијализа
Ќе се смени состојбата на подобро во струшкиот Завод за нефрологија со издавањето под концесија на центарот за дијализа, смета министерот за здравство Никола Тодоров. Тој ги охрабри вработените дека комплетно ги гарантираат нивните права.
Охриѓани и стружани едни од најажурните во подигнување на електронските здравствени картички
Според бројките кои ги соопшти директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнаџиева-Змејкова, Охрид и Струга се над просекот на подигнати картички на ниво на република.
Се зголемува бројот на откриени случаи на рак на дојка во охридско-струшкиот регион
Се зголемува бројот на откриени случаи на рак на дојка во охридско-струшкиот регион.
Министерството за образование ќе гради спортска сала во Вевчани
Министерството за образование ќе гради спортска сала во Вевчани.
Во Вевчани ќе се гради ски центар
Современ ски центар со викенд населба, хотели и три и пол километарска жичара ќе се гради во Вевчани. Градоначалникот Цветомир Угриноски изјави дека станува збор за реализација на проект кој е од непроценливо значење за охридско – струшкиот регион.