Skip to main content
Фев 16, 2013

Др Владо Кочоски е кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ, кој влегува во трката за градоначалник на Струга, на престојните Локлани избори. Оваа одлука падна доцна синоќа на седницата на Извршниот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ.


Фев 15, 2013

Од Здружението за развој и активизам „Аква“, Струга, по неодамнешната одлука на Управниот одбор на ЈП „Комунално“ да отстапи дел од своите дејности на приватни фирми, прашуваат: Што во иднина му останува да работи на  Комунално Струга?


Фев 14, 2013

Запазени се сите законски норми за склучување на ЈПП за трите комунални дејности, управување со пазарот на големо, пајак службата и рециклирање на комунален отпад, се тврди директорот на ЈП „Комунално“, од Струга, Петко Кутаноски, откако претходно тие информации не ни беа достапни од ова претпријатие.


Фев 13, 2013

Заштита на жената во сите сфери на животот, како мајка, домаќинка и стопанственик. Кон ова се стремат од „Езерка“, кои денес одржаа трибина, со цел на жените од Струга да им го приближат концептот и реализација на иницијативата „Женски суд“, поточно ширење на свеста за родовиот аспект на транзициската правда во Македонија, како и зачувување на мирот и безбедноста на балканските простори.


Фев 12, 2013

„Бени Маркет“, ДОЕЛ Велешта ќе стопанисува со струшкиот зелен или попознат како ајван пазар. Додека пак со пајак службата, ќе стопанисува „Албафох“ ДОЕЛ Велешта, а рециклирањето на комуналниот отпад ќе го врши „Сити логистик“, ДОЕЛ Скопје. Вака одлучи ЈП „Комунално“, од Струга, кое во тајност ги чува информациите за текот на спроведувањето на постапката за јавно приватно партнерство.


Фев 8, 2013

Се поставува јарбол висок 20 метри со знамето на Р. Македонија во Мислешево, Струшко. Иницијативата е граѓанска, поставуваме државен знаме на приватно земјиште, но струшката Локална самоуправа се обидува да не спречи во намерата, велат мештаните.


Фев 6, 2013

Завод и музеј годинава ќе ја конзервира и реставрира џамијата Мустафа Челеби во Струга.


Фев 6, 2013

Струшкиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ му порача на Црвенкоски, Струга е обединета како никогаш досега и нема да биде вовлечена во неговото сценарио, со кое за да ја зачува својата фотеља како заложник ја става цела Македонија. Но струшките вмровци му укажаа и на Цановски од ПЕИ, оти проѕирна била неговата политика со која кокетира со Дпмне, СДСМ, Дуи и ДПА.