Skip to main content
Фев 20, 2018

Струшкото музичко училиште ќе се сели во стариот објект на ОУ „Браќа Миладиновцви“. Сегашниот објект каде се одвива наставата ќе се реновира и повторно ќе се пренамени во градинка бидејќи зголемена е потребата за згрижување на деца од предучилишна возраст во струшкиот регион.


Фев 16, 2018

Изминативе 100 дена од работењето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко поминале во скенирање на состојбата во општината. Градоначалникот вели дека затеkнале големи злоупотреби и долг од 450 милиони денари од кои 50 милиони биле по основ на камати со правосилни судски пресуди.


Фев 15, 2018

Во општина Струга повеќе од потребно е изградба на нова болница. Моменталниот објект не ги задоволува условите за обемот на работа кој што се врши во оваа медицинска установа, вели директорот д-р Асим Муса. Оваа потреба на менаџерскиот тим од струшката болница веќе се разгледува во Министерството за здравство.


Фев 14, 2018

Стружани револтирани што по секој снег  се јавуваат истите проблеми. Синоќешните снежни врнежи ги оставија граѓаните без струја, а до  попладневните часови беа и  без вода. Службите на ЕВН Македонија го одстранија дефектот на трафостаницата по што се нормализира водоснабдувањето.


Фев 12, 2018

 Македонската гранична полиција доби 16 нови возила. Станува збор за донација во вредност од над 240 000 евра од сојузното министерство за внатрешни работи на Германија. Донацијата ја прими министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој се заблогодари за цврстото партнерство кое го има Македонија со Сојузна Република Германија. 


Фев 12, 2018

 Македонската гранична полиција доби 16 нови возила. Станува збор за донација во вредност од над 240 000 евра од сојузното министерство за внатрешни работи на Германија. Донацијата ја прими министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој се заблогодари за цврстото партнерство кое го има Македонија со Сојузна Република Германија. 


Јан 25, 2018

Граѓанските здруженија од Струга бараат под итно да се постави мерна станица за испитување на квалитетот на воздухот. Биолозите предупредуваат дека белодробните заболувања последниве две години се во пораст, што како причина го наведуваат точно квалитетот на воздухот.


Јан 20, 2018

Микробиолошката лабораторија во центарот за нефрологија Струга, пофалена од голем број корисници на услуги од охридско струшкиот регион. Менаџерскиот тим на установата вели дека добро е кога се слуша позитивна критика. Тоа им дава дополнителен стимул за работа кон остварување на нивните цели, насочени кон унапредување на квалитетот на здравствените услуги.