Skip to main content
Сеп 7, 2012

Родителите на децата албанци од Подгорци денес  протестираа пред зградата на општина Струга. Тие се против одлуката на Министерството за образование за укинување на албанските паралелки во ОУ „Гоце Делчев“. Градоначалникот Рамиз Мерко смирува и вели дека работат на надминување на проблемот.


Сеп 4, 2012

За значењето на планетата земја треба да се знае од рана возраст.


Сеп 3, 2012

Во врска идејата за менување на имињата на струшките улици, денес се огласи и Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.


Сеп 3, 2012

Во Струга се одигра пријателски натпревар во фудбал помеѓу екипа на општина Струга и екипа на ЈуЕнДиПи. Повод за тоа е реновирање на дел од општинската училишна сала, која е предадена на користење на гимназијата „Нико Нестор“, како и на членовите на сојузот на спортови „Софка“.


Сеп 1, 2012

Канцеларијата на струшката пратеничка Лилјана Затуроска, мост за соработка помеѓу граѓаните и институциите. Во неа речиси секој петок и лично е присутна пратеничката, која континуирано остварува средби со граѓаните на општина Струга, за да ги сослуша нивните барања, идеи а секако и проблеми.


Авг 31, 2012

Јапонците разгледаа се што е поврзано со колекторскиот систем, во Охрид и Струга, дури  ѕирнаа и во шахтите. Не е лесно да се дојде до парите од Јапонската влада за реконструкција на колекторскиот систем, но факт е дека шансата за тоа е реална.


Авг 31, 2012

Стружани против идејата на струшката локална самоуправа, за менување на имињата на улиците во Струга. Против и големите партии од македонскиот блок.


Авг 30, 2012

После оставката на сега веќе  екс-претседателот Александар Попоски, за нов претседател на струшките социјалдемократи е избран Ристе Ќушкоски.