Ана Столеска новиот директор на О.У.„Јосип Броз Тито“
Од трите кандидатки, најсоодветна за оваа функција. Од локалната самоуправа велат, бираме по професионалност, а не политичка определеност.
МПЦ слави јубилеј 50 години од одржувањето на Вториот архиепископски црковно-народен собор
Со поздравен говор на поглаварот на МПЦ, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, денеска во манастирискиот комплекс Калишта, се одбежа јубилејот -50 години од одржувањето на Вториот архиепископски црковно-народен собор.
Во Струга, работа бараат околу девет илјади лица
Во општина Струга 8850 лица бараат работа. Деловните субјекти очекувале во периодот од 2006 -2008, тенденција на зголемување на бројот на невработеноста.
Протерани единаесетмина албански државјани од земјава
Денес се протерани единаесетмина албански државјани од земјава.Тие пред два дена биле затекнати во непосредана близина на струшката депонија во привремени живеалишта. Полициските служби утврдуваат дали овие лица имаат директна поврзаност со палењето на дивата струшка депонија.
Еден милион евра ќе се инвестираат во општата болница во Струга
Проектот предвидува реконструкција на зградата на детското и ренген одделението, како и надоградување на зградата во која се сместени оделенијата: хирургија, интерно и гинекологија.
Спорниот предавател на мобилниот оператор – „Вип“, сеуште стои
И после судската одлука за негово демонтирање, сеуште од државниот градежен инспекторат молчат. Жителите од улицата Маршал Тито веќе изгубија надеж дека надлежните ќе превземат мерки.
Крајбрежјето на потегот Струга-Калишта, воопшто не е заштитено
Поради тоа, еколошкото друштво „Енхалон“ има изготвено проект, но надлежните ниту го прифаќаат ниту го одбиваат.
Верниците од муслиманска вероисповед го празнуваат Рамазан Бајрам
Со богата трпеза, роднините и пријателите го одбележуваат празникот. Во Струга се почувствува вистински празничен амбиент.