Јан 30, 2012
Струга приреди спектакуларен дочек на своите ракометни херои
Запалени факели, развиорени знамиња и затворени улици. Претесен беше просторот пред струшкото Пливалиште да ги собере илјадниците граѓани кои дојдоа да ги поздрават своите ракометни херои.
Јан 28, 2012
Мерко вчера протестираше а денес повика на соживот и меѓуетничка толеранција
По вчерашните протести и инциденти, денеска во Струга – мирно. Градоначалникот Рамиз Мерко кој вчера попладне протестираше во првите редови поради „антиисламистичките пораки“ на Вевчанскиот карневал, денеска повика на соживот и меѓуетничка толеранција.
Јан 27, 2012
Михајло Ноневски сам и се предаде на полицијата
Еден од учесниците во оружената престрелка кај струшкото Пливалиште, Михајло Нонески, вчера доцна попладне ѝ се предаде на струшката полиција.
Јан 26, 2012
Два тони нафта исчезна преку ноќ
Два тона нафта и алат снема од О.У. „Св. Климент Охридски, од струшкото село Драслајца. Полицијата работи на откривање на сторителот на ова дело. Директорката Жана Димоска, вели дека ова е само увертира на настаните кои допрва ќе следат од ова школо.
Јан 25, 2012
Струга заложник на еден човек
Последниот вооружен инцидент во Струга, на нозе ги крена претставниците на невладиниот сектор. Тие денес организираа протест за безбедносната состојба во градот.
Јан 24, 2012
Запалено македонското знаме во Струга
Четириесет и седумгодишниот Исмаили Минир од струшкото село Шум, пред општинската зграда во Струга го извадил македонското знаме и го запалил, а потоа избегал од местото.
Јан 21, 2012
Документите на шпанците пред комисија
„Аквалија Мадрид“, е единствената фирма која достави понуда за концесионирање со МЈП „Проаква“. Таа со 20 милиони евра ќе го врати во живот водоводниот систем на охридско – струшкиот регион.
Јан 20, 2012
Тепачка во Струга
Синоќа околу 21 часот и 30 минути, во Струга, случено е нарушување на јавниот ред и мир, во кое учествувале најмалку четири лица.