„Порака Нова“ од Струга ќе го одбележи Светскиот ден на лицата со Даунов синдром
Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака нова” од Струга и годинава ќе го одбележи 21 март- Светскиот ден посветен на лицата со Даунов синдром.
ПРОДОЛЖУВААТ ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ЗАФАТИ ВО ОПШТИНА ДЕБРЦА
Градоначалникот Игор Трајкоски беше во работна посета во Мешеишта каде што се одвиваат дел од планираните инфраструктурни зафати во делот на подобрувањето на патната инфраструктура во Општина Дебрца, односно се врши асфалтирање на неколку улички кои се поврзуваат кон локалната патна инфраструктура во селото.
ПАРТЕРНО СЕ УРЕДУВА ПРОСТОРОТ ОКОЛУ ИЗВОРИТЕ “ДОЛНИ ИСТОК” ВО СЕЛО ВЕЛМЕЈ
Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски беше во работна посета во село Велмеј каде што започнаа активностите за реализација на проектот за партерно уредување со поставување на урбана опрема на јавниот простор пред изворите “Долни Исток” во село Велмеј.
Кривична за коселчанец за крадење дрва
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „кражба на дрва“ и „пустошење шуми“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.М. (37) од охридското село Косел.
Преку социјално претприемништво до локален економски развој
На 80% од младата популација во Македонија целта и е вработување во јавната администрација. Тоа е резултат на недостаток на визионерство во образовниот процес, сметаат од Асоцијацијата за истражување комуникација и развој Публик. Со австриски искуства ќе се поттикнува развојот на социјалното претприемништво во Македонија посебно во помалку развиените региони со висока стапка на невработеност.
Се санира фудбалското игралиште во Волино
Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски во работна посета во село Волино каде што се одвиваат градежни активности околу Санацијата и реконструкцијата на фудбалското игралиште за голем фудбал.
Кривична за жител на Радолишта за кражба на возило
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „одземање моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Ќ.Р. (38) од струшкото село Радолишта.
Проектот за изградба на Регионална депонија е во напредна фаза
Досега општините кои спаѓаат во Југозападниот плански регион, стравуваа и не сакаа во нивната општина да се гради регионална депонија. Денес кога се увидоа предностите од реализација на еден ваков проект секоја општина лобира кај нив да биде изградена регионалната депонија.