Skip to main content
Авг 6, 2011

Туризмот во Радожда на маргините на пропаст. Несредени плажи преполни со ѓубре, лоша инфраструктура и неповрзаноста на колекторскиот систем, се основни виновници за таквата состојба.


Авг 5, 2011

300 бајкери од Македонија и соседните земји два дена на гости во Струга. Домаќините од Мото Клубот „Струга“, велат дека се е подготвено за несекојдневна дружба во летната бавча на Домот на културата „Браќа Миладиновци“, по повод нивната годишнина.


Авг 3, 2011

Командирот на струшката противпожарната единица Урим Каба излез од очајната состојба во која се наоѓа возниот парк на неговата противпожарна единица гледа во охридската противпожарна единица. Каба  бара отстапување на возило од охридските колеги.


Авг 3, 2011

Училиштата во Струга должат 11 милиони денари, долг направен минатата година.


Јул 28, 2011

Под мотото „Ова е хепатитис…запознај се. Спротистави се. Хепатитисот ги напаѓа сите, насекаде“, НВО Хепта, во соработка со Здружението Опција-Охрид и општинскиот Црвен крст, го одбележаа Светскиот ден за борба против хепатитис. Целта е да се подигне свеста кај општата популација за ризиците и последиците кои настануваат од оваа болест.


Јул 29, 2011

Во месец јули струшката противпожарна единица изгаснала голем број пожари на отворен простор.


Јул 28, 2011

Нови подмладоци на јагула запливаа во езерските води на потегот кај Радожда. Традиционално и годинава, ЕЛЕМ ја поддржа акцијата на порибување на Охридското езеро со јагула, со сопствени средства во висина на 45 илјади евра.


Јул 27, 2011

Новото здружение на екологисти „Калдерма 2011“, се загрижи за целокупната состојба на заштита на животната средина во Радожда. Тие деновиве отворено реагираат за нарушувањето на биодиверзитетот на брегот на Охридското езеро.