Skip to main content
Јул 25, 2011

Дневниот весник Нова Македонија од своите успешни почетоци, преку тешките периоди, денес успева да стигне до престижните признанија за објективно известување.

Патешествието на дневниот весник Нова Македонија стигнува до нови височини. Најстариот дневен весник во земјава, после тешките периоди од своето постоење сега успева дури да стигне и до престижни признанија. Последниот голем успех на Нова Македонија се двете признанија за објективност во известувањето кои весникот ги заработи на последните предвремени парламентарни избори. „Во принцип е доста тешко да се задржи непристрасноста бидејќи постојат притисоци од сите страни, -вели Марјан Велески, советник за односи со јавноста од весникот Нова Македонија.

„Нова Македонија како прв дневен весник на македонски јазик е горд на својата традиција и токму заради тоа се држи до својата традиција да пишува избалансирано, подеднакво за сите, да не фаворизира ниедна страна бидејќи на тој начин ги задржува своите читатели, но освојува и нови читатели. Таквата работа на весникот не остана незабележана од релевантните фактори.“-рече Марјан Велески-Советник за односи со јавност-Нова Македонија

Во овој летен период весникот ги проширува своите активности во повеќе полиња. Покрај покривање на теми од политиката, економијата, културата, тие спроведуваат и промотивни активности насочени кон своите верни читатели.

„Имаме една интересна акција која што се одвива на Охридското крајбрежје. За почеток се случува на плажата Кадмо. Тоа се секојдневни натпревари во пикаде коишто се интересни како атракција за посетителите, меѓутоа и се убави од друга страна бидејќи носат привлечна награда. Најдобриот, највештиот во пикадо, добива секој ден, мобилен телефон.“-додава Марјан Велески-Советник за односи со јавност-Нова Македонија

Овие игри се случуваат секој ден освен недела се до 8ми Август. Покрај Охрид, оваа активност во текот на месец Август е планирано паралелно да се одвива и на Дојранското Езеро. Единствен услов за учество во оваа игра е да се купи весникот Нова Македонија.



Јул 22, 2011

Младите лидери по втор пат во Охрид. Тие денеска пред претседателот на Р. Македонија Ѓорге Иванов ги презентираа искуствата од изборите. Целта на средбата беше да се даде заедничка оценка за начинот на кој беа спроведени изборите.


Јул 18, 2011

Викендов во струшкото село Мислешево непознат сторител извршил тешка кражба.


Јул 15, 2011

Проблемите со насобраниот смет во Струга, сеуште присутни. За момент дури се чини и како да се интензивираат во овој летен период кој е особено значаен за туристичка Струга. Овој пат трн во око е еден дел од Женската плажа во Струга кој не е во сопственост на концесионери, туку е во општинска надлежност.


Јул 14, 2011

Гастрономските специјалитети на на турската кујна, која обилува со ориентални јадења и специјалитети, отсега во Струга.


Јул 14, 2011

Центарот за развој на Југозапдниот плански регион започна со активностите за имплементација на шест проекти одобрени од стана на владата на Р Македонија и финансирани преку министерство за локална самоуправа односно биро за регионален развој. На состанокот кој се одржа денеска во Струга претставниците на 13 те општини од регионов на некој начин беше иницијален за почеток на имплементација на проектот.


Јул 8, 2011

На струшкото пливалиште никна нова платфрма. Од општинскиот градежен инспекторат велат дека е нелегална и истата треба да се отстрани. Додека пак концесионерите на овој дел од охридското крајбрежје велат дека тоа се трибини.


Јул 6, 2011

Домот на Културата во Струга и годинава ширум ги отвори своите порти за соло пеачите. Традиционално и годинава по четврти пат се одржува семинарот за соло пеење, единствен од ваков карактер во земјва. Круна на семинарот е концертот закажан за 08 јули во 21 часот во домот.