Skip to main content
Јан 1, 2016

Струшките советници на последната седница усвоија неколку мерки за безбедносната состојба во градот. Градоначалникот Зијадин Села бара судски епилог за последните немили настани поврзани со неколкуте убиства што се случија во градот, како и тоа да се расветли случајот за исчезнувањето на младиот човек за кој до ден денес не се знае кој е убиецот и сеуште никој не е казнет за тоа.


Дек 24, 2015

Во текот на изминатата ноќ во период од 22.00часот до 02.00часот Рибочуварската служба на ЗСР Таш Ма 2011 при вршење контрола на потегот кај с.Глобочица во водите на Глобочичко езеро,благодарение на својата најнова опрема за ноќно снимање и при заедничка контрола на ЗСР Таш Ма 2011 и Овластени претставници од Државниот инспекторат за земјоделие затекнати се  недозволен риболовен алат во должина од 1850метри од кои 850метри беа рибарски мрежи за лов на клен,карас скобус и друга ситна риба, а 1000 метри  беа за лов на крап.


Дек 23, 2015

Младината активен учесник во креирањето политиките на локално ниво. Препораките добиени од поединци, младинските организации, локалните младински совети како и институциите, ќе бидат инкорпорирани во еден документ кој што ќе ги даде насоките  при креирање на политиките за млади.


Дек 23, 2015

Во Струга досега не светна ниту една новогодишна декорација. Останува неизвесно дали тоа воопшто ќе се случи до најлудата нок и покрај високата сума на средства кои локалната ги издвои за декорација на градот.


Дек 21, 2015

Ги известуваме жителите на Општина Дебрца дека согласно последните измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, пролонгиран е рокот за поднесување барања и геодетски елаборати за легализација на дивоградби.


Фев 7, 2022

Инспекторите од трудовата и пазарната инспекција не констатирале прекршувања на Законот за работни односи. Во изминатиов месец, инспекторите  изрекле опомени за прекршоци направени по неколку законски одредби меѓу кои и непочитување на Законот за забрана за пушење.


Дек 14, 2015

Едно лице го загуби животот, а две се тешко повредени  во вооружен инцидент во Долна Белица.


Дек 14, 2015

Се дружеа, разменуваа идеи и мислења, се според протокол и со соодветен код на облекување. Велат дека ова е прекрасен начин да се подготват за нивните идни кариери.