Skip to main content
Мај 26, 2016

Оваа сабота 28,05 граѓанското здружение „Протестирам“ организира масовен протест во Струга. Протестниот марш, ќе започне од платоото Центар за култура „Б. Миладиновци“ Струга (кај киното), во 12 часот.


Мај 19, 2016

Граѓанската иницијатива Протестирам во четврток 19.06.2016 г. со почеток во 18.30 часот по втор пат ќе организира мирен марш.
Маршот започнува од Плато Центар за култура „Б. Миладиновци“ Струга (кај киното).


Мај 14, 2016

Столбовите околу кои се вртат нивните идеи се туризмот, земјоделието и занаетчиството. Тие се дел од Теракампот за социјално претприемништво на програмата за социјални стартап компании Фронтера.


Мај 14, 2016

Стоматологијата напредува со галопирачки чекори. Експерти од оваа медицинска гранка ќе предаваат на повеќе теми меѓу кои, третирање на разни болни синдроми во максило фацијалната регија, најнов начин на третмани со заби, најнови материјали за изработка на коронки итн. Струга домаќин на Меѓународниот стоматолошки конгрес.


Мај 13, 2016

13 организации од земјите од сливот на реката Црн Дрим, работат на иницијатива за здружување и поголема соработка, во насока за заштита сливот на реката Црн Дрим . Тие обиколувајќи ги 5 те земји кои ги поврзува реката Црн Дрим имаа можност да погледнат голем број растителни и животински видови како и тоа да се запознаат со сето она што се наоѓа во сливот на реката.


Мај 13, 2016

Нов повик по нова стратегија од 2016 – 2018, год за искористување на средства за мали грантови. Програмата беше претставена пред невладиниот сектор од Струга и на дел од здруженијата од Охрид. Интересот на еколошките здруженија за малите грантови на Глобалниот еколошки фонд во Македонија, беше голем.


Мај 12, 2016

На 10.05.2016 година во 22.15 часот во ПС-Струга, Е.Д. (47) од Делчево, а со привремен престој во Струга, пријавил дека истиот ден околу 17.15 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата невенчана сопруга В.Д. (36) од с.Радолишта, струшко, при што со неа го зела и нивното седуммесечно бебе.


Мај 11, 2016

Под паролата „Протестирам“ која ги обединува сите граѓани кои бараат слобода, граѓани кои се здружени против криминалната власт, заплашувањата, уцените, економската мизерија, како и против аболицијата на сето тоа од страна на претседателот Иванов, денес11.05.2016 (среда)  од 18:00 часот пред Паркинг на машка плажа (пред тениско игралиште) во Струга ќе се одржи граѓански протест.