Јун 24, 2011
Ќе никне нов „Мост на Нина“
Идејниот проект за новото лице на „Мостот на Нина“, на маса, во кабинетот на градоначалникот Рамиз Мерко. Проблемите поради кои закочи изградбата на мостот се надминати, вели градоначалникот.
Јун 22, 2011
Ачик, градежен шут во центарот на Струга
Ниско ниво на одржување на јавната чистота во Струга. Централното градско јадро класичен пример за хаосот во комуналната сфера. Надлежните, години наназад наместо да се заложат за надминување на ваквата состојба, тие само ја комплицираат и прогледуваат низ прсти на сторителите на ваквиот хаос кои се добро познати, се жалат дел од граѓаните на оваа општина.
Јун 23, 2011
Камп на заднички насмевки и желби
Целта на овој проект е психосоцијална поддршка на овие деца, како и на нивните родители. Проектот е финасиран од „Кореа Ауто Трејд“ од Скопје.
Јун 21, 2011
Не стивнуваат обвинувањата за директорката на Здравствениот дом во Струга
По вчерашното обвинување за мобинг врз вработените во Здравствениот дом во Струга, денес повторно полни раце работа за директорката Вера Попоска. Сестрите од Здравствениот дом денес излегоа со листа барања за подобрување на условите за работа.
Јун 20, 2011
Вработените од Здравствен дом – Струга, се жалат на мобинг од страна на директорката
Превирања во Здравствен дом – Струга. Персоналот од оваа јавна установа се жали дека директорката им врши мобинг. Доктор Миљот Ризвани јавно проговори за директните закани од страна на директорката. Тој раскажува дека Попоска се однесувала како газда на здравствениот дом. Им се заканувала со отказни решенија и нови казни во платите, и покрај тоа што, како што велат, платите веќе им биле намалени и до 20 %.
Јун 16, 2011
Хуманост на вистинско место
Дукадинка Рајчиноска е полуматуранка. Таа денес доби хуманитарна помош од НВО „Езерка“ од Струга, облека и храна.
Ное 5, 2021
Засилени контроли на Пазарниот инспекторат од Струга
Струшките пазарни инспектори со засилени контроли за почитувањето на ковид протоколите. Изминативе два месеци извршени се 3000 контроли, поднесени се 59 мерки од кои ниедна не е по законот за заштита од заразни болести.
Јун 15, 2011
Дали навистина сме толку различни?
Младите се оние кои треба да научат да коегзистираат во една мултиетничка средина како Струга, за да подоцна во животот имаат убав меѓусебен однос.