Skip to main content
Јун 30, 2016

Само изградба на нова градинка ќе го реши проблемот за згрижување на најмалите стружанчиња. Во моментов сите објекти на струшката градинка „8 ми Март“ функционираат со претрупани капацитети и не можат нормално да функционираат во доменот на својата дејност.


Јун 29, 2016

Економскиот развој во Струга, стагнира. Тоа е поради лошата политика на албанските министри за економија во актуелниот владин состав, кои не обезбедија ниту една слободна економска зона во средина каде што живеат албанците и ниедно работно за албанците, обвинува струшкиот градоначалник.


Јун 27, 2016

Југозападниот плански регион е на шесто местo.


Јун 24, 2016

Превенција на кражби во згодна прилика и превенција на несреќи на капалиштата на струшкото крајбрежје, се теми на состанокот што денеска во 11 часот ќе се одржи во хотелот „Дрим“ во Струга.


Јун 23, 2016

Општина Струга има потреба од изградба на нова градинка.


Јун 23, 2016

Можност со грант неколку струшки села да изградат  водовдна и фекална канализација

Зелено светло дадоа струшките советници за аплицирање до  грант во висина од околу 500 илјади евра за изградба на водоводна и фекална канализација во неколку села. Корошишта, Ливада, Ложани и останатите села од регионот конечно добиваат можност да го решат горливиот проблем со вода за пиење и со одведување на отпадните води. Околу 15000 жителите со овој грант ќе имаат голема комунална продобивка, напоменува претседателот на струшкиот совет Абдула Ќазимоски.

седница„Сигруно ќе биде подобро .Ќе бидат регулирани фекалните води и ќе има поздрав живот. Има луѓе со септички јами,а со овој зафат ќе имаме поздрава почва,  води и животна средина. Некој тие води ги испушта во каналите, секој фрла се и сешто“, кажува Ќазимоски.  

Инаку, советниците  ја прекинаа седницата и побараа појаснувања во однос на аплицирањето за средства до Европската банка за развој.Се интересираа дали тие средства се кредит, кој ќе управува со системот и дали треба да се вратат тие средства.

„Заради итноста  да се аплицира во Светска банка требаше повтроно да се свика седница со задоцнување од еден час  и да бараме прецизни образложенија од членот на екомски локален развој за она што не беше јасно за советниците“, рече Ќазимоски.
 

Советниците добија обрзложение дека станува збор за неповратен грант, со системот ќе управува МЈП Проаква, а европската Комисија може да бара поврат на средствата долку не се управува домаќински и наменски со водовдниот и канализациониот систем.

 


Јун 15, 2016

Стотици посетители и годинава се очекува да бидат дел од фестивалот Црешнобер, што овој викенд ќе се одржи во општина Дебарца.


Јун 14, 2016

Демократијата во нашата земја може да ја вратиме единствено со овозможување непречена работна на Специјалното Јавно Обвинителство, така што сите кои што сториле кривични дела а раководеле со државата, да одговараат за своите дела, исткана Уранија Пировска од Хелсиншкиот Комитет. Денес во Струга се одржа дебата на тема „Слободата на изразување, демократија наспроти автократија.